МАТЕМАТИЧКА ЗБРКА

Дали на 1 јануари влегуваме во третата деценија на 21 век?

Кога почна новиот милениум, а кога новата деценија? Не беше 2000 година и не е 2020 година.

Дали на 1 јануари влегуваме во третата деценија на 21 век или треба да чекаме уште 366 дена?

Обично се расправаме околу политика, религија, историја или спорт, но сега пред истекот на годината се отворија дискусии околу еден математички проблем.

Деновиве на социјалните мрежи владее недоразбирање дали на 1 јануари ќе влеземе во третата деценија од 21 век.

Многумина се убедени дека почетокот на новата деценија е кога ќе се промени цифрата 19 во 20 како сега, со почетокот на 2020 година, но науката вели дека нема простор за дискусија.

„Многу е лесно да се одговори. Третата деценија на 21 век не почнува сега, туку на 1 јануари 2020 година и ќе трае до 31 декември 2030 година. Само запамтете, нема нулта година и нулти век“, објаснува астрофизичарот Слободан Нинковиќ од Астрономската опсерваторија во Белград за BBC на српски јазик.

Сепак, не се сите целосно согласни со ова. Дебатата „гори“ во Кралскиот музеј во Гринич од каде велат дека немаат официјален став по ова прашање, а Милан Милошевиќ, уредник на сајтот Svetnauke.org вели дека „календарот е така дефиниран и само треба да се избројат годините“.

Како што е јануари прв месец, а не нулти, така и првата година е број еден.

Ако ви е ова многу комплицирано, сетете се на основно училиште, на прво или второ одделение, вели Милошевиќ.

„Тогаш не знаевте за нула и убави ги разбиравте броевите. Броевите до десет ги броевте на прсти, од 1 до 10. Броевите од следната десетка од 11 до 20 и така натаму“, објаснува тој.

Така, наспроти општото мислење, а и еуфорија што се рашири низ целиот свет, третиот милениум почна дури во 2001 година. Вториот милениум почна на 1 јануари 1001 година, траеше полни 1.000 години, а заврши на 31 декември 2000 година.

реклама

Наука

НАСА: Откривањето фосфин на Венера води кон можноста за вонземски живот

Read more

Пронајдени можни знаци на живот на Венера

Read more

Совршено сочувани тела на мечки од пред 39.000 години

Read more

Јапонија ќе испрати 8K камера на Марс

Read more

Гик

  • play_arrow

Топ 5 новитети во iOS 14 за iPhone кои мора да ги пробате

Читај повеќе
  • filter

Xiaomi го најави новиот модел Mi 10T Pro за европскиот пазар

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа бура на Јупитер?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои видеоигри се достапни за PS5?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Смартфонот Motorola G9 Play пристигна во Европа, позната и цената

Читај повеќе

Паднаа Facebook и Instagram – дали забележавте проблеми?

Читај повеќе

Facebook отстранува здравствени групи поради дезинформации

Читај повеќе

Нашиот Барди меѓу најдобрите изведувачи на слободни на „FIFA 21“

Читај повеќе
  • play_arrow

Играта „Horizon Forbidden West“ ќе биде достапна и за PS4

Читај повеќе