Дали на Санчез му се заканува тешка казна поради допинг контрола?

Во понеделникот Алексис Санчез го комплетираше својот трансфер во Манчестер Јунајтед, но дали се поминало според одредената процедура?

Манчестер Јунајтед го доведе Алексис Санчез и повеќе нема никакви дилеми, чилеанскиот фудбалер ќе биде големо засилување за клубот кој го води Жозе Мурињо.

Венгер зборуваше за Алексис како за фудбалер кој заминал за подобра понуда, за кого понеделникот бил „специјален ден“. Сепак, изнесе уште еден факт кој загрижува.

Во понеделникот пристигнале луѓе од УЕФА за да му направат тестови на Алексис Санчез, тие стигнале во Лондон на тренинг на Арсенал, ненајавени.

Тие барале примерок од крвта на Алексис Санчез, со цел да проверат дали користел недозволени средства.

„Многу работи се случија во понеделникот и тоа беше специјален ден за Алексис Санчез. Морате да подготвите документи, морате да патувате... Дали тој во понеделникот беше наш играч или не? Никој тоа не го знае, преговорите беа во тек. Го пропушти тој тест, бидејќи беше зафанат со својот агент. Сигурно не сакаше да побегне од тестот, тестиран е многу пати претходно, едноставно сега избраа лош момент за тоа“, изјави Венгер.

„Навистина не сум загрижен бидејќи немам што да кријам овде. Секогаш се обидуваме да соработуваме со допинг контролата“, изјави Арсен Венгер.

Казните за не одговарање на повиците за допинг контрола на еден играч можат да одат и до 2 години неиграње фудбал, додека казните за клубот не се големи, не поголеми од 50 илјади фунти.

Сепак, се верува дека нема да им проблеми по Алексис Санчез, имајќи во предвид дека токму тој ден тој мораше да го комплетира трансферот во Манчестер.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе