Дали начинот на кој седите може да ви го продолжи животот?

Иако можеби мислите дека е неважно, начинот на кој седите влијае на телото.

Сите експерти ќе ви кажат дека не е добро да седите премногу во текот на денот. Прекумерното седење може да предизвика лошо расположение, вкочанетост на мускулите и згрченост, а исто така може да го скрати животниот век. За среќа, постои начин на седење што го продолжува животот.

Истражувачкиот новинар Ден Бутнер истражуваше за најдолговечните луѓе во светот. Тој исто така ја интервјуираше најстарата жена во светот која живееше во Окинава.

„Јас лично се уверив дека таа седи на под. Поминав два дена со 103-годишната жена и таа стана и седна на подот 30 до 40 пати, тоа е помеѓу 30 и 40 ‘чучњеви’ дневно“, рече тој.

Зошто е подобро да седите на под? Причината е едноставна. Кога седите на под, го принудувате вашето тело да работи понапорно и мора посилно да се бори со гравитацијата. Покрај тоа, ја подобрувате флексибилноста на мускулите, и бидејќи седењето на подот не е најудобно, па ќе станувате почесто.

Ако седите на под, при станување посилно ќе ги активирате средишните мускули, а исто така ќе ја подобрите рамнотежата. Покрај тоа, ако се кревате и спуштате на подот со леснотија, без прекумерна употреба на рацете за поддршка, тоа значи дека вашето тело е во прилично добра состојба. Треба да се запамети, сепак, дека е важно и како се однесувате и додека седите на подот, немојте да се подгрбавувате.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе