Дали науката навистина го уби Бог?

Фридрих Ниче славно изјави кон крајот на 19 век дека „Бог е мртов!“

Но, што мислеше со тоа? Нихилизмот на Ниче се состои во барањето за превреднување на сите вредности, односно отфрлање на сите постојни вредности за да се создадат услови за воспоставување на единство помеѓу животот и културата, а тоа значи создавање на Нов свет, во кој ќе дојде до постојните сфаќања. Тоа е можно само ако се разурнат сите досегашни вредности, кои пред сѐ се отелотворени во поимот Бог. Затоа Ниче говори за смртта на Бог и ќе каже: „Бог е мртов!“

Тоа значи дека Бог треба да стане мртов за модерната европска култура, затоа што сите христијански вредности се бесмислени бидејќи се во спротивност со реалниот, конкретен живот. Бог е мртов затоа што вредностите што тој ги олицетворува не се реалност во живеењето, и Ниче открива нешто спротивно од таквите вредности и истакнува:

„Каде што сум забележал дека нешто живее, наедно сум откривал и волја за моќ - дури и во волјата на слугата сум откривал волја за господарење“.

Затоа треба да се инсистира на волјата за моќ (Wille zur macht). Ниче истакнува дека таа е вистината и вистинската реалност. Волјата за живот е самиот живот, кој се докажува со постојаниот стремеж да се потврдува. Целта на животот е да се одржува и сѐ што го одржува е вредност, а сѐ што не го одржува не е вредност. Животот како волја за моќ е постојано себепотврдување на животот. Животот нема никаква друга цел надвор од себе, како што и светот нема никаква цел надвор од себе што треба да ја достигне. Суштината на волјата за моќ е нејзиното постојано потврдување, а тоа значи: „Вечно враќање на истото“.

На тој начин се возбновува волјата за моќ, а тоа возбновување се случува во разни форми кои се најсоодветни за потврдување на нејзината суштина. Ниче истакнува дека таква е уметноста, уметноста е вистинската задача на животот. Волјата за моќ е слободна игра на вечното враќање, небаре ја игра уметнички гениј.

„Сѐ се урива и сѐ повторно се создава... вечно се гради иста куќа на битието... Сѐ се разделува и се повторно се состанува... вечно си верен на себеси и кругот на битието.“

Од гледна точка на модерната философија и вечната борба на науката против религијата, неизбежно се поставува прашањето – Дали науката навистина го уби Бог?

Unveiled имаат интересна анализа:

Remote video URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Наука

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more
 

Гик

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе