Дали навистина ви се потребни осум часа сон дневно?

Секоја недела можете да сретнете статија на интернет порталите која ви вели дека треба да спиете осум часа дневно за да го одржувате здравјето во добра состојба, но дали навистина е потребно да потрошите третина од денот во спиење?

Познато е дека Маргарет Тачер успеваше да ја врши функцијата премиер на Велика Британија со само четири часа спиење во денот, а Доналд Трамп неретко кажува дека му се доволни само три часа сон. Прашањето не е дали можете да издржите без осумчасовен сон, туку дали тоа има ефекти на вашето здравје.

Кога ќе се погледнат сите ефекти кои недостатокот од сон ги има на здравјето, може да се воочи дека иако нема почувствувате никакви промени во младоста, сепак староста нема да може да го издржи тој напор и вашата здравствена состојба може значително да се влоши.

„Бројот на луѓе кои можат да преживеат со шест часа спиење дневно, без притоа да доживеат некакви негативни ефекти на нивниот мозок или тело може да се заокружи на нула“, вели Метју Вокер, професор по невронаука и психологија на Универзитетот Беркли.

Докторите го поврзаа недостатокот од сон со ослабната меморија, губење на концентрацијата и промени во расположението, а кај мажите може да предизвика и недостаток од тестостерон. Зголемување на телесната тежина е исто така еден од контра-ефектите, поради тоа што со неспиење се зголемува хормонот кој прави да се чувствувате гладни.

Во подоцнежните години од животот Маргарет Тачер патеше од деменција, за која докторите рекоа дека е причинета од преголем замор на мозокот, кој пак настанал од недостатокот од сон. А кога се работи за Доналд Трамп, доволно е да го погледнете и да ги забележите сите горенаведени симптоми, посебно промената на расположение.

Идеалното време за спиење е осум часа дневно. Ако спиете само еден час помалку, ќе почнете да ги чувствувате ефектите од заморот и недоволното количество на сон.

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе