Фит

Дали навистина ви требаат протеински додатоци?

9. септември 2017 - 15:46 | А.С.

Модерните фитнес ентузијасти ги сметаат протеинските додатоци за нивно главно оружје. Меѓутоа, дали овие додатоци се подобри од протеините што ги примаме со храната?

Протеинските прашоци се направени за да им помогнат на бодибилдерите и на спортистите да закрепнат од интензивното вежбање. Наместо да седат и да јадат обилни оброци, за да ги обноват исцрпените мускули тие може да „испијат“ оброк.

Меѓутоа, моментално овие протеински суплементи се рекламираат како неопходни за сите кои се занимаваат со вежбање, а тоа не е точно.

Ако некој тежи 70 килограми, треба да зема сѐ на сѐ 70 грама протеини дневно, а ако се земе предвид дека во едно пилешко филе има околу 40 грама протеини, а во две јајца околу 12 грама, јасно е дека со правилна исхрана може да се внесе потребната доза протеини на природен начин.

Вегетаријанците, професионалните спортисти и бодибилдерите навистина имаат зголемена потреба од протеини и кај нив суплементацијата е оправдана, но за „обичните луѓе“ овие прашоци се вишок.

Коментирај