Дали неандерталците изумреле поради величината на мозокот?

Научниците за прв пат се обидоа да направат тродимензионален модел од мозок на неандерталец, што е оригинален пристап кој би можел да помогне во подобро разбирање на овие роднини на луѓето, иако не и во решавање на мистеријата за нивното исчезнување.

„Обидите во 3D технологија да се реконструира мозокот во внатрешноста на фосилниот череп е потполно нова работа“, изјави Наомичи Огихара, еден од авторите на истражувањето кое ги спојува „физичката антропологијата, механичкиот инженеринг и невронауката“.

За да ја изведат реконструкцијата, научниците врз основа на магнетни резонанци на речиси 1.200 луѓе направиле модел на она што го нарекуваат „просечен“ мозок на Хомо сапиенс од 21 век.

Потоа, дигитално го „деформирале“ тој тип на мозок за да одговара на черепот на неандерталците и древниот хомо сапиенс.

„Уште сме далеку од тоа добро да го разбереме мозокот на праисториските луѓе, но секој мал чекор во тој правец е од голема корист“, вели Антоан Балзо, палеоантрополог.

Реконструкцијата покажа дека „хомо сапиенсите имале значително поинаква морфологија на мозокот, како и поголем мал мозок“, стои во истражувањето објавено во магазинот Scientific Reports“.

Неандерталците се појавија во Европа, Централна Азија и Блискиот исток пред околу 200.000 години.

Тие исчезнаа пред околу 30.000 години, но причината не е позната, а според еден од авторите на истражувањето можеби токму величината на нивниот мозок има некаква врска со тоа.

„Постојат реални морфолошки разлики помеѓу мозоците на овие две врсти, што може да доведе до разлика во когнитивните и социјалните капацитети. Тие разлики би можеле да бидат суптилни, но и суптилните разлики можат да се покажат значајни кога доаѓа до природна селекција“, проценува Наомичи Огихара.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе