Дали некој ќе ги турне четирите големи рекорди на Федерер?

Роџер Федерер е легенда во вистинска смисла на зборот – има кариера над 20 години во професионалниот тенис и огромен број рекорди. Некои од одличните достигнувања на 38-годишниот Швајцарец веројатно ќе се подобрат во наредните години, но тој сè уште го нема кажано својот последен збор, и покрај неговата професионална возраст.

Маестро од Базел има вкупно 103 сингл титули (на 6 од рекордот на Џими Конорс), од кои 20 Грен слем титули, а ова до ден денес продолжува да биде ненадминато. Федерер сè уште е рекордер по бројот на недели на врвот на светската ранг-листа, иако ова достигнување е сериозно загрозено од Новак Ѓоковиќ. Швајцарецот, сепак, може да се пофали со уште четири рекорди, кои во иднина изгледаат како мисија невозможна.

Tennis World објаснува кои се тие:

1. 36 последователни четвртфиналиња на Грен слем турнири. Оваа импресивна серија се протега од Вимблдон 2004 до Ролан Гарос 2013 година. Во „Ол Ингланд клаб во 2013 година, Федерер сензационално загуби во второто коло од Украинецот Серхиј Стаховски.

2. 23 последователни полуфиналиња на Грен слем турнири. Овој рекорд изгледа уште поимпресивен од оној споменат погоре – помеѓу Вимблдон 2004 и Австралија опен 2010, Федерер неверојатно успева да ги стигне до најдобрите четири. На „Ролан Гарос“ во 2010 година е запрен во четвртфиналето од човекот, кој претходната сезона го победува во финалето во Париз – Швеѓанецот Робин Содерлинг.

3. 10 последователни Грен слем финалиња. Појдовна точка е секогаш Вимблдон, но овој пат започнуваме со изданието 2005 година. Неверојатната серија продолжува сè до УС Опен 2007 година, а на Австралија опен 2008 Федерер е елиминиран во полуфиналето од Ѓоковиќ.

4. Федерер има 5 последователни титули на 2 различни Грен слем турнири. Турнирите се Вимблдон (се разбира) и УС Опен. Во Лондон, Швајцарецот триумфира секој пат помеѓу 2003 и 2007 година (во 2008 година тој беше поразен во финалето од Рафаел Надал на еден од најголемите тениски натпревари во историјата). На „Флешингмедоус“ во Њујорк, Федерер е непроменет шампион помеѓу 2004 и 2008 година.

Како што споменавме порано, Федерер има еден куп други фантастични достигнувања, но овие четири изгледаат навистина ненадминливи.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе