Дали обожавате фудбал?

Дали обожавате фудбал? Дали имате луда слика за споделување? Дали вашето дете е на возраст од 7 до 9 години? Да? – Тогаш, што чекате?

Нема земја, медиум, ниту човек што не слушнал за претстојниот настан ова лето, а што ќе се случува во Македонија – спектакуларниот УЕФА Супер куп Скопје 2017. Настанот што сите страсни фудбалски фанови со нетрпение го очекуваат и за кој со денови се подготвуваат.

Труби, дресови, песни, билети, хотели, авионски билети и што уште не. Во истата насока се подготвуваат и македонските навивачи, кои сега имаат голема шанса и можност да станат дел од овој настан со учество во промотивната кампања „Најлуди фудбалски моменти со вашето дете“, каде што Mastercard, еден од официјалните спонзори на УЕФА Супер купот Скопје 2017 во соработка со „Кајгана“ обезбедува билети за 11 навивачки парови за претстојниот настан.

Сè што треба да направите е да пронајдете или да направите фотографија на која вие и вашето дете ja прикажувате вашата посветеност на фудбалот, да ја прикачите на специјално креираната страница на „Кајгана“ за оваа намена достапна овде и да учествувате во промотивната кампања што може да ви донесе вам и на вашето дете непроценливо искуство – да бидете дел од УЕФА Супер купот Скопје 2017.

Замислете си ја радоста на вашето дете од можноста да биде дел од еуфоријата и од навивањето, гледајќи ги одблиску омилените фудбалски идоли токму пред неговите очи, држејќи ги за рака. Изгледа како остварување на сонот, нели?  Одведете го вашето дете во интересна авантура додека ги фотографирате вашите интересни моменти на фудбалско лудило.  Создадете незаборавно искуство и спомен што ќе ги помни целиот живот.

Во рамките на промотивната кампања на веб-страницата на „Кајгана“, ќе им се овозможи бесценето искуство на 11 придружници на играчите и 11 билети за нивните родители за спектакуларниот натпревар помеѓу ФК Реал Мадрид и ФК Манчестер Јунајтед. Од оригиналните и креативни фотографии, 5 фотографии ќе бидат избрани од страна на жири, додека, пак, 6 ќе бидат избрани по правилото на најголем број споделувања. Билетите се обезбедени од страна на Mastercard, еден од официјалните спонзори на УЕФА Супер купот Скопје 2017. Правилата за учество на натпреварот се достапни тука за внимателно разгледување.

Затоа, не чекајте повеќе, вложете се и добијте потенцијална можност да бидете дел од 11-те среќни парови. Исполнете го срцето на вашето дете со огромна среќа и радост. Нацртајте голема насмевка на неговото лице. Обезбедете му искуство. Почувствувајте го фудбалот и неговата радосна магија! Споделете го моментот на фудбалско лудило!

За сите останати фудбалски фанатици, Mastercard ќе подготви и бесценето изненадување. Дали ќе го прифатите предизвикот за да ни покажете колку сте спремни да одите далеку за вашиот омилен тим? Mastercard ве очекува на градскиот плоштад во Скопје на 7 и 8 август 2017г.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе