НХЛ 2019/20

Дали Оши го постигна голот на векот?

Ти-Џеј Оши имаше неверојатен слалом ноќеска во победата на Вашингтон над Бостон постигнувајќи гол за кој долго ќе се зборува и прераскажува.

Во 9-тата минута од втората третина, само четири минути откако израмни на 1:1, Ти-Џеј Оши го постигна најубавиот погодок сезонава во американско-канадската хокеј лига. На додавање од Кузњецов, Оши отиде во контра напад во кој прво го исповрте Конор Клифтон, а потоа со мајсторија му ја поткопа на голманот Јарослав Халак.

Нереален гол на кој можат да му подзавидат и Овечкин, Крозби, Стамкос...

Вашингтон Кепиталс на крајот славеше победа од 3:2 во дербито над Бостон Бруинс и ја зголеми разликата на плус 5 на врвот во Источната конференција во однос токму на Бостон кој е втор со 46 бодови.

Бостон влезе во лоша форма бидејќи ова за нив е четврти пораз по ред откако претходно потклекнаа и пред Отава Сенаторс, Колорадо Авалаш и Чикаго Блекхокс.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе