Општината Капени на југ во Естонија, на своето знаме има слика од канабис, затоа што нејзиниот назив на естонски јазик всушност и значи канабис.
Андрус Симе, градоначалник на Канепи, мала општина со 2.500 жители, вели дека кон крајот на 2017 година се одржал референдум, на кој 80 отсто од гласачите го одбрале тој дизајн на знаме, сребрен лист од канабис на зелена позадина.
Во понудата стоеле седум видови на дизајн за ново знаме.
Канепи го избра новото знаме откако три општини се споија во една, после минатогодишните административни реформи.
Андрус вели дека листовите од канабис веќе со децении се користат како симбол меѓу локалните групи, како и тоа дека со изборот на новото знаме тие не се соочиле со никакви проблеми во Естонија, иако канабисот не е легален во оваа земја.