Дали паѓа во вода последниот аргумент против електричните автомобили?

Најчестиот аргумнт што во псоледно време остана и последниот во дебатата за или против е-автомобили, е времето на полнење на батериите. Сега се менува и тоа.

Кинеска компанија тврди дека полнењето на батериите за автономија од 800 километри ќе трае 8 минути.

GAC Aion од Кина објави дека ќе го претстави првиот електричен автомобил со батерии базирани на графен во текот на есента, благодарение на што полнењето ќе биде навистина брзо.

Суперсилниот графен го заменува литиумот во батеријата, решавајќи ги сите недостатоци на овој широко користен материјал, истовремено намалувајќи го влијанието на производството на батерии врз животната средина.

Фактот дека графенот може да се користи за подобрување на перформансите на батериите на автомобилите е познат долго време. Уште во 2017 година, Fisker го вети ова со претставување на автомобилот EMotion.

Работата во лабораториите за научно-истражувачка дејност е сѐ уште во тек, а кинеската компанија Guangzhou Automobile Corporation се пофали со откритието.

Имено, GAC претстави супербрз полнач кој ќе овозможи навистина брзо полнење на батериите за електрични автомобили. Станува збор за батерии кои ќе се појават на пазарот во септември годинава на моделот Aion V, и кои овозможуваат автономија до 1.000 километри со едно полнење.

800 километри за 8 минути

Најавени се две брзини на полнење - 3С и 6С. Втората ќе овозможи полнење на батериите Aion V од 0 до 80 проценти од капацитетот за само 8 минути, и од 30 до 80 проценти за 5 минути!

Верзијата 3С ќе го стори истото за 16, односно 10 минути.

GAC тврди дека дури и честото полнење во варијантата 6C не треба да ги „спречи“ батериите да достигнат живот од еден милион километри.

Се разбира, веднаш имаше многу скептични коментари. Некои не веруваат дека ќе биде можно да се прилагоди инфраструктурата на бројни полначи што ќе можат да се полнат со моќност од околу 500 kW. GAC ветува дека ќе инсталира 100 такви полначи оваа година.

Исто така, постојат прашања за тоа дали графинските батерии ќе бидат толку ефикасни и издржливи. И дали, во некои случаи, импресивните резултати прикажани на тест-станицата за полнење не се само презентација на можноста за прикажување прекрасна графика на екранот.

Ќе дознаеме во септември дали навистина има поместување во областа на полнењето електрични автомобили.

реклама

Беше еден од најплатените актери во Холивуд, банкротира купувајќи глупости

Read more

Басистката на „Манескин“ настапи топлес на концерт во Париз

Read more

Британците панично купуваат гориво, бензинските пумпи останаа без залихи

Read more

Волкановски го предизвика Мекгрегор

Read more

Авто новости

Колку чини одржувањето на Bugatti Chiron од 2,5 милиони долари?

Read more

Цените на половните автомобили во Германија рушат рекорди

Read more

Колкави се трошоците за поправка на електричен автомобил?

Read more

Volvo има ново лого

Read more
 

Автомобили

Колку чини одржувањето на Bugatti Chiron од 2,5 милиони долари?

Читај повеќе

Цените на половните автомобили во Германија рушат рекорди

Читај повеќе

Колкави се трошоците за поправка на електричен автомобил?

Читај повеќе

Volvo има ново лого

Читај повеќе

Дали можете да ја утврдите точната километража на половно возило?

Читај повеќе

Новото ремек дело на Ferrari пристигнува во ноември

Читај повеќе

Како да откриете дали автомобилот што сакате да го купите бил поплавен?

Читај повеќе

Дали адитивите за гориво навистина помагаат?

Читај повеќе
  • filter

За колку ќе се продаде Yugo Cabrio од 1990 година со поминати 595 километри?

Читај повеќе