Дали после 40 години дочекавме нова Lada Niva?

Рускиот произведувач на автомобили, AvtoVAZ, во Москва прикажа концепт Lada 4x4 Vision, за кој се верува дека го претставува наследникот на легендарната Lada Niva.

Овогодинешниот саем на автомобили во Москва (29 август - 9 септември), засега донесе неколку интересни премиери.

После новата луксузна руска лимузина, која неодоливо потсетува на Rolls-Royce, и кросовер-купето Renault Arkana, претставен е и концепт за мало теренско возило под назив Lada 4x4 Vision:

Иако AvoVAZ официјално не потврди дека станува збор за возилото кое го најавува наследникот на Lada Niva, сепак се очекува овој концепт да го замени споменатото руско теренско возило, кое со помали промени и поинаква ознака (сега се вика Lada 4x4), се наоѓа на пазарот веќе речиси 40 години.

За изгледот на концептот 4х4 Vision заслужен е шефот на дизајн Стив Мартин, кој ја обликуваше новата генерација на модели на Lada.

Новото теренско возило има карактеристични стилски детали во облик на буквата „X“, кои ги гледавме на сите концепти и сериски модели на Lada во последните неколку години.

Со должина од 4,2 метри, тој е поголем од актуелната Lada (Niva) 4х4 за околу 25 сантиметри, и има 4 врати.

Внатрешноста исто така е значајно модернизирана во однос на старата верзија на познатото руско теренско возило, со два дигитални екрани – еден на местото на инструмент таблата и друг на централната конзола, кои прикажуваат мултимедијални содржини.

Ентериерот на концептот е во сиви и црни тонови, со многу портокалови детали кои ја разбиваат монотонијата и внесуваат живост во кабината на возилото.

Деталите за погонскиот систем не се соопштени, а на фотографиите се гледа дека за пренос на силата на тркалата е употребен автоматски менувач.

Иако AvtoVAZ не ги откри плановите за продукциската верзија, таа најрано би можела да се појави на пазарот во 2019 година.

реклама

Америка е на раб на граѓанска војна, полицијата клекна пред демонстрантите

Read more

Објавено уште едно видео од бруталното однесување на полицијата кон Џорџ Флојд

Read more

Од другата страна на протестите: Моќни фотографии што мејнстрим медиумите не ги објавуваат

Read more

Русите сакаат да делат превоз во вселената со Американците

Read more

Концепти

Land Rover го тестира новиот Defender со V8 мотор

Read more

Како би изгледал суперспортскиот автомобил на Rolls-Royce?

Read more

Вака би изгледал Volkswagen Golf Country

Read more

Mercedes подготвува нов електричен кросовер EQB

Read more

Автомобили

  • filter

Поглед во тјунираниот BMW M760Li xDrive

Читај повеќе
  • play_arrow

Corvette C8 против Corvette C7

Читај повеќе
  • filter

Објавени првите фотографии од Серија 4 на BMW

Читај повеќе

BMW ќе отпушти 5.000 работници поради коронавирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Nissan со тизер го најави новиот спортски автомобил

Читај повеќе
  • filter

Land Rover го тестира новиот Defender со V8 мотор

Читај повеќе
  • filter

Mercedes ја претстави освежената Е класа

Читај повеќе
  • filter

Поволно, ама бајаги возено

Читај повеќе
  • filter

Поглед во освежените модели на BMW

Читај повеќе