Дали постои идеален број на сексуални партнери?

Најново истражување го откри идеалниот број на сексуални партнери што треба да ги има една личност, барем според мислењето на 1.000 испитани жени и исто толку мажи.

 

Истражувањето спроведено од британската страница за запознавање IllicitEncounters.com вклучува 1.000 мажи и 1.000 жени, а се покажа дека 52 проценти од испитаниците сметаат дека тој број треба да биде 13.

Според податоците, 73% од испитаниците рекле дека може да им биде одбивно сознанието дека партнерот/партнерката имал/а повеќе од 18 сексуални партнери пред нив. Некои се чини дека ова го гледаат како знак дека другиот може да биде неверен, што не мора да биде поврзано.

 

Податоците исто така покажаа дека 67% од жените лажат за бројот на нивните сексуални партнери, во споредба со само 13% од мажите. Ова би можело да биде затоа што жените се повнимателни во споделувањето на своите интимни подвизи со цел да остават впечаток на поконзервативни пред новиот партнер.

Дури 77% од мажите рекле дека би спиеле со некого на прв состанок доколку има хемија, во споредба со само 39% од жените.

Повеќето не сакаат да ја знаат сексуалната историја на партнерот

Интересно е што повеќе мажи (59%) отколку жени (46%) сметаат дека голем број сексуални партнери прават некого помалку пожелен, што сугерира дека сè уште постои социјална стигма во однос на перцепцијата на промискуитет меѓу половите.

Според тоа истражување, само 31% од мажите и жените сакаат да ја знаат сексуалната историја на нивниот партнер, што укажува на тоа дека луѓето би избрале да не мора да се справуваат со своите чувства по тоа прашање, особено ако не им се допаѓа одговорот.

Секс експертката Џесика Леони вели дека за многу луѓе големиот број претходни сексуални партнери пред нив е одбивен бидејќи прави да се чувствуваат како да се само уште еден/една „во низата“.

Таа додава дека луѓето исто така не сакаат да се забавуваат со некој што има премалку искуство, па така 13 се покажала како идеална бројка што „гарантира“ дека „ќе завршите во кревет со некој искусен, авантуристички настроен и отворен“.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе