Дали правилно ја користите козметиката за нега на лице и тело?

Дали знаете кој дел од телото бара највеќе нега? Во што е разликата помеѓу козметиката за лице и за тело? 

Колку време има модерниот човек во 21 век да се посвети на себе и дали одржувањето на нега на лицето и телото му е приоритет?

На секој му се случува повремено да запостави одреден дел од телото, па кога ќе се појави проблем, тогаш интензивно се посветуваат на решавање на истиот. И така во круг, од едно место на друго.

Сите обврнуваме внимание на лицето, но што е со телото?

И кожата може да страда, ако не ја негуваме правилно. Го знаете она непријатно чувство кога ќе претерате со топла вода, па едвај чекате да ја намачкате кожата со млеко за тело. Намачкајте го целото тело, вклучително и стапалата.

Ако мислите дека тука завршува негата на нозете, се лажете. Стапалата се дел од телото кое највеќе страда. Треба да посветите внимание на негата на стапалата затоа што одите насекаде, а ногата ви се поти во обувките.

Затоа, кога купувате козметика, не занемарувајте ги спрејовите и кремите за вени, како и кремите за стопала со разладувачки ефект. Сигурно не сакате да ви се појават бактерии.

Разлика помеѓу козметиката на лицето и телото

Производите за лице и тело се разликуваат. Кожата на лицето треба да ја негувате со нежни производи, затоа што е чувствителна и потенка од кожата на телото. Затоа, ќе ви требаат повеќе производи затоа што лицето е изложено на многу надворешни влијанија. 

Она што никогаш не треба да го правите е да спиете со шминка затоа што на тој начин кожата е склона кон стареење и станува сува. Лицето е чисто кога последниот туфер е бел.

Она што е во основа на секоја добра нега е хидратацијата. Се изнаслушавте дека мора да пиете вода за да спречите дехидратација на организмот. Хидрирањето одвнатре, ќе се одрази на кожата однадвор. Ќе имате повеќе енергија, а кожата ќе изгледа поздрава. Исто така, редовно нанесувајте хидратантна крема.

Потребно е да внесувате големи количини на овошје и зеленчук кое е полно со витамини. Не заборавајте дека и месото е подеднакво важно за здравјето на телото. Понекогаш е добро да ја зголемите количината на некои витамини и минерали ако имате недостаток од нив.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе