Дали рачната кочница заминува во историјата?

„Мини војната“ меѓу поборниците за традиционалната рачна кочница и електронските рачни сопирачки продолжува. Какво е вашето мислење?

Многу премиум автомобилски брендови целосно го напуштија класичниот тип на рачна кочница и се префрлија на електронска, иако некои сè уште ја користат таканаречената ножна паркинг кочница.

Производителите како Audi, Jaguar, Land Rover, Lexus, Mercedes и Porsche немаат ниту еден модел на продажба со традиционална „рачна“.

„Сведоци сме на ‘изумирање’ на механичката рачна сопирачка, бидејќи автомобилските компании сѐ повеќе се одлучуваат за електронската“, вели Крис Непман од CarGurus.

„Во следните неколку години очекуваме дополнително намалување на бројот на автомобили кои нудат традиционална рачна кочница, така што ќе биде достапна само во одредени специфични модели.“

Многу млади возачи веројатно воопшто нема да можат да се запознаат со една од најпрепознатливите содржини во еден автомобил. Од друга страна, ќе им оневозможи на младите возачи да ги изведуваат акробациите со вртење на автомобилот „под рачна“.

Кај електричната рачна сопирачка нема сајла што може да се олабави или „растегне“, а механизмот користи електричен мотор, кој ја активира сопирачката кога моторот е исклучен или, на пример, на угорница, кога се активира асистенцијата, која најчесто се вика hill-rider.

Таквата функција ви овозможува да одите по угорница/удолница без тресење, што стана знак за препознавање на помалку вештите возачи.

Секако, речиси е непотребно да се спомене дека помалку вештите возачи при движење по угорница многу често ги оштетуваат другите елементи во возилото, особено ламелата на квачилото.

реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Авто новости

Возачи, внимателно: Удобности во автомобилот од кои страдаат мочниот меур и простатата

Read more

Слушнете како звучи моќниот Bugatti Chiron Super Sport

Read more

Уморни зад волан сте смртно опасни како кога сте пијани

Read more

BMW со тизер ја најави следната генерација на тркачкиот M4 GT4

Read more
 

Автомобили

Lada – Porsche: Руско-германски проект кој никогаш не заживеа

Читај повеќе

Возачи, внимателно: Удобности во автомобилот од кои страдаат мочниот меур и простатата

Читај повеќе
  • play_arrow

Слушнете како звучи моќниот Bugatti Chiron Super Sport

Читај повеќе

Уморни зад волан сте смртно опасни како кога сте пијани

Читај повеќе

BMW со тизер ја најави следната генерација на тркачкиот M4 GT4

Читај повеќе
  • filter

Suziki го претстави новиот S-Cross

Читај повеќе

Porsche планира да произведе SUV со три реда седишта

Читај повеќе
  • filter

Скапи автомобили пропаѓаат во мистериозна „гробница на модерни класици“

Читај повеќе

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Читај повеќе