Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Препорачливо е да го имате што почесто на трпезата, бидејќи ова растение од семејството зелки (зелка, кељ, карфиол) претставува вистинско богатство за здравјето.

Многу истражувања потврдија дека состојката сулфорафан во прокељот има превентивно дејство против ракот, особено ракот на желудникот или бактеријата B. Pylori. Благодарение на сулфорафанот, прокељот штити од сончевото зрачење и е одлично за заштита на срцето и васкуларниот систем од воспалителни процеси.

Изгледа како мали главици зелка и има сè освен калории. Носи освежителна комбинација на горчина и благ вкус, затоа поврзете го со јадење што има изразен вкус или со прелив што содржи балсамико.

Ако сакате да ги зачувате сите богатства што ги нуди прокељот, варете го кратко време, а во водата за готвење додадете малку маслиново масло и црвен пипер.

Овој зеленчук е исклучително богат со протеини, диетални влакна, омега 3 и омега 6 масни киселини, витамини, особено витамини Ц, А, К, Е и Б комплекс. Докажано е дека луѓето кои секојдневно консумираат 300 грама прокељ имаат 37 отсто поголема концентрација на витамин Ц во крвта.

Богат е и со минерали, од кои најмногу се калиум, манган, бакар, калциум, железо и фосфор. Калиумот е важна компонента на клетките и телесните течности кои помагаат во контрола на срцето и крвниот притисок.

Манганот е важен како кофактор за антиоксидантните ензими, додека железото е неопходно за формирање на крвни зрнца. Во исто време содржи и фолна киселина и флавоноиди.

Како исклучителен извор на антиоксиданси, помага во ублажување на голем број здравствени проблеми.

Во оваа смисла, тој е исклучително важен за зајакнување на имунитетот, но и како чистач на организмот од штетните состојки бидејќи промовира подобра работа на цревата.

Поради комплексот на витамини што го поседува, спречува појава на остеопороза и ја прави кожата посјајна. Витамините А и Ц се особено важни за зачувување на мекоста и сјајот на кожата. Има и антибактериско и антивирусно дејство.

Покрај тоа, се препорачува и за луѓе кои имаат хронични болки поради дегенеративни промени, како што се ревматизам, артритис, ишијас.

Истражувањата покажуваат дека најголема искористеност на хранливите материи од прокељот е доколку ги консумирате во форма на сок.

Внесувањето сиров прокељ преку салата е на второ место во однос на искористувањето на хранливите материи. Ако не сакате да јадете сиров прокељ, најдобро е да го варите на пареа.

Кога прокељот долго се обработува термички на високи температури, губи многу хранливи материи и не се препорачува за луѓе кои боледуваат од рак.

реклама

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Read more

Ангелов бара кружен тек кај збунувачката крстосница со чести сообраќајки во Аеродром

Read more

Кои хороскопски знаци најчесто се разведуваат?

Read more

Алкарас со триумф во Индијан Велс ќе се врати на врвот на АТП листата

Read more

Здравје

Најздравата риба во светот што треба да ја јадете еднаш неделно

Read more

3 суплементи кои не треба да ги земате на своја рака

Read more

Што ќе ве разлади подобро - топла или ладна вода за пиење?

Read more

Што се случува во телото ако јадете спанаќ секој ден?

Read more
 

Магазин

Три работи што апсолутно ви се потребни ако сакате успешна врска

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Читај повеќе

Внимавајте: Отровната риба змеј може да се сретне во Грција, Хрватска, Црна Гора и во Албанија

Читај повеќе

Како телото ви сигнализира дека не се движите доволно?

Читај повеќе

„Само додај Coca-Cola“ – прва кампања во Македонија целосно креирана со AI

Читај повеќе

5 уреди кои секогаш треба да ги исклучите пред да одите на одмор

Читај повеќе

Најздравата риба во светот што треба да ја јадете еднаш неделно

Читај повеќе

3 суплементи кои не треба да ги земате на своја рака

Читај повеќе