Кристијано Роналдо на својот Instagram профил објави прилично долга порака која и тоа како наликува на проштално писмо, писмо кое вели дека летово ќе бара нов предизвик.
Еден од условите за португалскиот великан да остане во Јувентус беше тимот да избори пласмна во Лигата на шампионите, што и го направи во последното коло од Серија А. Но, и покрај тоа, Роналдо предизвика нервоза кај бело-црните навивачи откако објави една прилично интригантна порака во која ги реди сите постигнати успеси и вели дека ги остварил целите кои си ги поставил кога дожол во Торино.
„Животот и кариерата на секој тп играч се составени од подеми и падови. Година по година, се соочуваме со фантастични противници кои имаат неверојатни играчи и амбициозни планови, така да секогаш мораме да го даваме најдоброто од себе за да се задржиме на високо ниво“, почнува Роналдо.
„Сезонава не можевме да ја освоиме Серија А. Честитки до Интер за и тоа како заслужената титула. Сепак, јас морам да евалуирам сѐ што постигнавме сезонава во Јувентус, како на тимски план, така и индивидуално“.
„Трофеите од италијанскиот Суперкуп, Копа Италија и оној за најдобар стрелец во Серија А ме опсипуваат со среќа, главно поради тежината која ја носат во држава каде воопшто не е лесно да се победува“.
„Со овие достигнувања јас го остварив она кои си го зацртав уште првиот ден кога дојдов во Италија: освојување на лигата, купот и Суперкупот, како и да бидам најдобар играч и најдобар стрелец во оваа голема фудбалска земја исполнета со вонсериски играчи, гигантски клубови и своја фудбалска култура“.
„Веќе имам кажано дека јас не бркам рекорди, туку дека рекордите ме бркаат мене. За оние кои не разбираат што сакма да кажам со ова, многу е едноставно: фудбалот е колективна игра, но преку индивидуални достигнувања му помагаме на тимот да ги оствари целите“.
„Многу сум горд со овој факт кој деновиве се споделува насекаде: шампион во Англија, Шпанија и Италија; освојувач на куп во Англија, Шпанија и Италија; Суперкуп победник во Англија, Шпанија и Италија; најдобар играч во Англија, Шпанија и Италија; најдобар стрелец во Англија, Шпанија и Италија; над 100 голови постигнати за клуб во Англија, Шпанија и Италија“.
„Ништо не може да се спореди со тоа што знам дека сум оставил свој белег во државите каде што сум играл и радоста која сум им да донел на навивачите на клубовите кои сум ги претставувал. Оваа е она за кое јас работам, ова е она кое ме движи и кое отсекогаш сум го бркам, с до последниот тим. Им благодарам на сите кои беа дел од ова патување. Ни сме заедно!“, завршува тој.
Роналдо е во Јуве од летото 2018 година, а неговиот договор завршува наредното лето.