Живот

Дали се плашите да бидете среќни?

20. јуни 2019 - 14:47 | А.С.

Можеби ви звучи неверојатно, но голем дел од нас, длабоко во себе, на големо изненадување, се плашат од едното нешто за кои сите кажуваме дека го посакуваме: среќа.

Луѓето може да развијат неверојатна способност да ја одбегнат таа емоција што е страшна бидејќи ни се чини толку непозната и толку туѓа.

Како растеме и созреваме, би требало да ја надраснеме нашата инхибираност и да ѝ го дадеме на среќата местото што го заслужува во нашите животи.

„Со оглед на тоа колку копнееме да бидеме среќни, би се претпоставило дека прифаќањето на можноста за среќа во нашите животи ќе биде некомплициран, спокоен и автоматски процес. Но за многумина, без разлика колку сме теоретски приврзани кон сознанието за бидувањето среќен, веројатноста дека навистина ќе бидеме среќни може да поттикне длабока поделеност и страв“, велат експертите од The School of Life.

Порадо би одбрале да бидеме загрижени и тажни отколку да се обидеме да се фатиме во костец со ризиците што во нашите глави се врзани со позитивни расположенија.

Колку и да звучи ова парадоксално, ние се плашиме да бидеме среќни.

Коментирај