Во Америка се води голема битка за (не)укинување на AM радиосигналот во возилата.

Додека производителите на автомобили се надеваат дека ќе го отфрлат стариот радиоформат, владините претставници велат дека технологијата е корисна во итни случаи. Истражувањата, сепак, покажуваат дека одржувањето на AM сигналот ќе ја чини индустријата дури 3,8 милијарди долари во следните седум години.
Истражувањето на трошоците беше спроведено од Центарот за истражување на автомобили (CAR), организација со врски со General Motors и Ford. Проблемот со АМ настана главно како резултат на зголемената употреба на електрични возила. Нивните мотори испуштаат електромагнетни бранови кои ги попречуваат AM радијата во автомобилот и влијаат на квалитетот на звукот.
Тоа ги поттикна некои производители на автомобили како Tesla, Rivian, VW, Volvo, Polestar, BMW и Ford целосно да престанат да нудат AM радио, иако Ford подоцна се предомисли, пишува CarScoops.
Сепак, владините претставници се загрижени бидејќи велат дека АМ радиото било важна алатка за комуникација во големи итни случаи, како и дека е од витално значење во руралните области во земјата.
Трошоците за промена на автомобил за непрекинати AM сигнали се 50 до 70 долари по возило. Кога ќе го помножите тоа со стотици илјади автомобили, ќе дојдете до гореспоменатите милијарди. Американскиот Сенат ќе расправа за се и ќе донесе конечна одлука.