Дали сè уште го загревате моторот на автомобилот „во лер“?

Кога температурите паѓаат под нулата, како што е веќе случај низ земјава, честопати ќе слушнеме бучава рано наутро што доаѓа од автомобили чии мотори работат „во лер“.

 

Зимското загревање на автомобилот пред возењето е вообичаен ритуал за многу возачи, но од техничка гледна точка, тој е непотребен за повеќето современи возила. И не само тоа, загревањето на моторот на место кога температурите на воздухот се многу ниски дури може да му наштетат на вашиот автомобил.

Експертите наведуваат дека ова е стара навика која потекнува од времето кога сите автомобили имаа мотори со карбуратор. Тогаш логично беше загревањето на моторот при ниски температури на воздухот.

Денес, сите понови модели имаат електронско вбризгување на гориво. Сензорите ја мерат надворешната температура и системот ја прилагодува работата на моторот, па затоа се смета дека е доволно моторот да работи само 30-60 секунди пред поаѓање.

После тоа, можете да започнете со возење затоа што моторот ќе ја достигне работната температура побрзо ако автомобилот се движи, отколку кога моторот е уште во мирување.

Кога го загревате моторот „во лер“ во ладни денови, само трошите гориво непотребно.

Навиката да се загрева моторот на автомобилот во место датира од пред 80-тите години на минатиот век. После тоа, наместо карбуратори, започнаа да се користат електронски системи за вбризгување на гориво, така што загревањето стана непотребно, па дури и штетно.

Патем, покрај тоа што бучавата што ја создава моторот додека работи во место ќе ги вознемири вашите соседи, издувните гасови што ги испушта автомобилот за време на подолго работење на моторот се многу поопасни за околината.

Постои уште една важна причина зошто го загреваме автомобилот пред поаѓање. Во текот на зимата, за нас е попријатно да седиме во топла кабина отколку да замрзнуваме додека возиме додека не се загрее автомобилот. Иако периодот потребен за загревање на патничката кабина во современите возила е пократок од порано, а некои модели имаат и грејачи на седиштата, многумина од нас сè уште возат постари автомобили кои се загреваат побавно.

Сепак, имајте на ум дека непотребното работење на вашиот автомобил во место директно влијае на квалитетот на воздухот што го дишете и дека е подобро да издржите малку студено отколку дополнително да го загадувате воздухот, кој е веќе неквалитетен.

реклама

Кога COVID-19 ќе стане лесна болест како настинка?

Read more

Моќна порака: Погледнете како ТВ водителка ги поддржа жртвите на сексуално насилство

Read more

Бугарски програмер доби одговор од Илон Маск по 154 дена чекање

Read more

Меланија не избра американски дизајнер ни за нејзиниот последен ден како прва дама

Read more

Авто новости

Зошто е лошо да го вклучите греењето пред да почнете да возите?

Read more

Поглед во новиот Mercedes-Benz EQA - првиот електричен компактен автомобил

Read more

Porsche ја збогатува понудата на Taycan

Read more

Поглед во тјунираниот Mini John Cooper Works GP

Read more
 

Автомобили

Зошто е лошо да го вклучите греењето пред да почнете да возите?

Читај повеќе
  • filter

Поглед во новиот Mercedes-Benz EQA - првиот електричен компактен автомобил

Читај повеќе
  • filter

Porsche ја збогатува понудата на Taycan

Читај повеќе
  • filter

Поглед во тјунираниот Mini John Cooper Works GP

Читај повеќе

Нова ера за BMW?

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете како вози летачки Cadillac

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Hyperion XP-1 ги покори улиците на Лас Вегас

Читај повеќе

Потполно новата Lada Niva пристигнува во 2024 година

Читај повеќе

Се бара повлекување на 158.000 автомобили на Tesla поради дефект

Читај повеќе