Дали сексот во време на пандемија е безбеден?

Сексуалните односи можат да бидат одличен начин партнерите да се зближат, забавуваат и да ја намалат анксиозноста која во ова стресно време е неизбежна.

Практично е невозможно да се почитува социјалното дистанцирање од партнерот со кој го делите креветот. Дали е ризично да имате сексуални односи во време на пандемија? Експерти за Guardian одговорија на прашања поврзани на оваа тема.

1. Дали COVID-19 може да се пренесе преку сексуален пат?

Докторката Џесика Џастман смета дека не постојат докази кои укажуваат дека коронавирусот може да се пренесе преку сексуален пат. COVID-19 примарно се шири преку респираторни капки. Втор начин на кој вирусот се пренесува е преку допир на контаминирани површини.

Доктор Карлос Родригез Диаз се сложува со колешката дека не постојат докази дека болеста се пренесува преку вагинален или анален сексуален однос. Меѓутоа, бакнувањето е дел од сексуалниот однос, а вирусот може да се пренесе преку плунка, односно бакнување.

2. Дали е безбедно да се има секс додека трае пандемијата?

Ако вие или партнерот сте позитивни на COVID-19 се советува да се избегнуваат еден со друг. Ако сте потенцијално заразен или сте потврден случај, треба да се изолирате. Совршено би било ако може да бидете во изолација до седум дена од почетокот на болеста, вели докторката Џастман.

Докторката Јулија Маркус истакнува дека луѓето кои немаат симптоми на болеста, кои не биле во близина на заразени луѓе и се изолирани, може да имаат односи со својот партнер. Според неа, сексот може да биде одличен начин партнерите да се зближат и да ја намалат анксиозноста во ова стресно време.

3. Што кога станува збор за односи со нов партнер?

Моментално е најважно да останете дома и да избегнувате контакти со луѓе. Дури и кога одите во продавница треба да одржувате оддалеченост од другите луѓе минимум два метра, истакна докторката Маркус.

Доктор Карлос смета дека сексуалните односи би требало да се намалат во следните неколку недели, но може да размислувате за други форми на искажување еротика како читање еротски романи, видеоповици, размена на секси пораки и слично. Ако користите сексуални помагала треба редовно да ги миете со вода и средство за хигиена.

4. Не се знае колку ќе трае пандемијата. Што ќе им препорачате на луѓето кои се сами и не сакаат да чекаат неколку месеци за да бидат интимни со некого?

Ако сте загрижени дека социјалното дистанцирање ќе трае предолго потрудете се вие и луѓето кои ги познавате што побрзо да започнете со процес на самоизолација. Колку побрзо го направиме тоа толку побрзо ќе забележиме пад на нов инфекции и ќе може да го промениме начинот на социјализација. Наместо да се фокусираме на иднината треба да се фокусираме на сегашноста, вели Родригез Диаз.

реклама

Војната почна, едната страна располага со драстично повеќе војници

Read more

Како помина дебито на Пјаниќ во Барса?

Read more

Во Викендот без ДДВ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Read more

Секси калчо (II дел)

Read more

Љубов и секс

Дома или надвор: Како местото на кое имате секс влијае на вашето расположение?

Read more

Секс-пози за кои луѓето повеќе зборуваат, отколку што ги практикуваат

Read more

Дали љубомората е болна, но неопходна емоција?

Read more

Од машки агол: Правила за незаборавен орален секс

Read more

Магазин

  • play_arrow

Варијации на склекови со кои најбрзо ќе набилдате мускули

Читај повеќе

Идеја за појадок: Солени мафини

Читај повеќе
  • play_arrow

Волонтери-нуркачи го чистат морското дно околу Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадридското метро се претвори во Венеција

Читај повеќе

Бесплатни превентивни прегледи по повод Светскиот ден на срцето

Читај повеќе
  • filter

Десерт на денот: Чизкејк со јагоди

Читај повеќе

Зошто не треба да се смеете кога се сликате за пасош?

Читај повеќе

Оргазам од 1,8 милиони долари: Најскапата секс-играчка во светот

Читај повеќе

AstraZeneca нуди поевтина вакцина, европските влади ќе плаќаат отштета за можни последици

Читај повеќе