Дали Северна Кореја навистина тврди дека има освоено Мундијал?
Веќе подолго време може да се најдат тврдења дека пропагандната машина на Северна Кореја има монтирано снимки за да создаде „доказ“ пред народот дека мистериозната и изолирана земја ги има освоено ФИФА Светските првенства во 2010 или 2014, или и двете.
Ова е една од бројните сензационални фудбалски легенди поврзани со Северна Кореја, Ким Џонг Ун и владејачката Работничка партија, но дали има докази што би ги потврдиле овие гласини?
HITC Sevens, чиј автор е познат фан на Северна Кореја, се обиде да ги издвои фактите од фикцијата и да го анализира фудбалот во таинствената држава.