Дали Швеѓаните го победија коронавирусот со нивната стратегија?

Стратегијата за стекнување на имунитет на стадо којашто ја користат Швеѓаните во борбата против коронавирус, а која многумина ја критикуваа, бележи сè подобри и подобри резултати.

Останатите европски земји се подготвуваат за вториот бран.

Иако имунитетот на населението и натаму е под стандардното ниво од 60 проценти, ова е доволно ефикасно за да се победи епидемијата на COVID-19 во Шведска, вели еден од најпознатите епидемиолози во Данска.

Постојат индиции дека Швеѓаните стекнаа имунитет на оваа болест, а со почитување на мерките ќе се спречи ширењето на болеста, рече професорот Ким Снепен од Институтот Нилс Бор во Копенхаген.

Шведска минатата недела дневно регистрираше само 23 случаи на 1 милион луѓе, во споредба со 61 случај во Данска за еден ден.

Претходната студија на професорот Том Бритон од Универзитетот во Стокхолм процени дека стапката на имунитетот на стадо може да биде и до 43 отсто од населението, што е под стандардната бројка од 60-70% кои се прифатливи во епидемиологијата.

Професорот Рис Палудан вели дека има сè повеќе докази кои укажуваат дека Шведската здравствена агенција беше во право кога одлучи да ја следи оваа стратегија.

Нивната стратегија ја критикуваа многу медицински стручњаци, политичари и активисти. Во Шведска се регистрирани нешто повеќе од 88.000 случаи на коронавирус. Стапката на смртност во Шведска е на 5. место по број на жители во Европа, но бројот на новозаразени постојано опаѓа уште од крајот на јуни.

Денеска има само десетина пациенти на интензивна нега. Ова е значително помалку за разлика од другите земји во Европа како што се Велика Британија, Франција и Шпанија.

Тагови
реклама
sp.jpg

На Избирачкиот список ќе стои и фотографија

Read more
Тевдовски: Со Буџетот за 2019 ја подобруваме состојбата во здравството, платите растат

Тевдовски: Со Буџетот за 2019 ја подобруваме состојбата во здравството, платите растат

Read more
„Патот до здрави заби“: Четко ве кани на дружба во Cineplexx

„Патот до здрави заби“: Четко ве кани на дружба во Cineplexx

Read more
КСС бара минималната плата да изнесува 16.000 денари

КСС бара минималната плата да изнесува 16.000 денари

Read more

Свет

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Болтон: Ако Трамп победи, САД ќе го напуштат НАТО

Read more

Не се смируваат односите меѓу Анкара и Париз, Ердоган повика на бојкот на француските производи

Read more

Повеќе од 60 милиони Американци веќе гласаа на изборите

Read more

Вести

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Аеродром убедливо води по број на активни случаи во Скопје

Читај повеќе

Болтон: Ако Трамп победи, САД ќе го напуштат НАТО

Читај повеќе

Не се смируваат односите меѓу Анкара и Париз, Ердоган повика на бојкот на француските производи

Читај повеќе

Дневен КОВИД биланс: 247 новозаразени и 15 починати

Читај повеќе

Нови простории за тестирање од COVID-19, најави Караџоски

Читај повеќе

Повеќе од 60 милиони Американци веќе гласаа на изборите

Читај повеќе

Филипче: Се подготвуваат дополнителни болнички капацитети, сите да се придржуваат до мерките

Читај повеќе

Караџоски: 80% од регистрираните случаи со COVID-19 се асимптоматски

Читај повеќе