На Twitter се појави снимка од култната серија „The Simpsons“, а епизода од 1998 година наводно говори за мајмунските сипаници кои се актуелни денес.

Иако „The Simpsons“ досега „предвидоа“ многу работи – од Трамп како американски претседател, настапот на Лејди Гага на Супер боул, коронавирусот и војната во Украина, испадна дека фотографиите и видеоснимката се лажни. Поточно, тоа се две различни епизоди монтирани во една.
Во 21 епизода на деветтата сезона, емитувана во 1998 година, Хомер зема мајмунче кое му станува домашно милениче и главен помошник во домашните работи. Веднаш покрај фотографијата од таа епизода, стои и друга фотографија од 17 сезона на серијата, емитувана во 2005 година во која Хомер има сипаници.
Фотографиите немаат врска една со друга, мајмунчето не е поврзано со сипаниците. Серијата во минатото навистина емитуваше низа епизоди кои случајно имаа измислени моменти кои сепак на крајот наликуваа на вистински настани.