Дали Sony подготвува нов автомобил?

Глобалниот гигант во електрониката Sony ја шокираше публиката на Саемот за потрошувачка електроника 2020 откако го претстави прототипот за потполно електричниот Vision-S седан. По електричната лимузина, великаните во електронската индустрија можат да го претстават и новиот SUV.

Компанијата набрзо прецизираше дека електричната лимузина не е наменета за сериско производство туку е направена со намера да ги прикаже најновите високо-технолошки електронски гаџети за автомобили. Без оглед на тоа, автомобилот привлече големо внимание.

На снимката која ја претстави Sony се гледа автомобилот кој изгледа поголем од Vision-S седанот, со поинаква предна маска.

Иако Sony не е автомобилска компанија, идејата да направи автомобил не е сулудна. Како прво, компанијата има доволно приходи за овој потфат, а како второ, прототипот за Vision-S е направен со австриската компанија Magna Steyr која по договор конструира возила за најголемите автомобилски компании.

Sony може да испорачува електроника на големите произведувачи на автомобили, но дали овој гигант ќе пристапи кон автомобилската индустрија?

Веројатно не, но не треба да се занемари фактот дека Sony продолжува да го развива Vision-S за тестирање на патиштата. Моделот на Sony може да биде конкуренција на новиот модел на Tesla Y.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе