Дали сопствениците на големи СУВ возила треба да полагаат посебен возачки испит?

Пред неколку дена пишувавме дека кросоверите и теренците (СУВ) постигнаа одлични продажни резултати во првите шест месеци од годината и сочинуваат повеќе од половина од вкупниот број на сосема нови автомобили продадени во Европа за прв пат досега.

Еден наш читател даде скокотлива идеја во коментарите – дека за СУВ возилата треба да има посебни паркинг места, имајќи ја предвид нивната големина. Додека тоа останува навистина интересно прашање, да се вратиме чекор поназад – дали треба посебна возачка дозвола за овие урбани џинови?

Сè погласна е идејата дека и Б категоријата треба да се подели на неколку подкатегории.

Карима Дели, претставник на Зелените од Франција во Европскиот парламент, предлага да се воведе нова возачка дозвола за возачите на СУВ возила. Таа во ова гледа двоен аспект, еколошки и безбедносен. И додека првото не треба да се нагласува поради очигледната поврзаност помеѓу потрошувачката на гориво и големината и моќноста на возилото, Дели го нагласува и проблемот со безбедноста во сообраќајот.

Како што пишува Politico, се смета дека големите теренци се енергетски понеефикасни и зафаќаат повеќе простор, а веројатноста за изложеност на судири е поголема отколку кај помалите патнички возила. Таа тврди дека сегашната возачка дозвола од Б категорија, која важи за автомобили и комбиња, не е соодветна, но предлага воведување на категорија Б+ за возила со тежина поголема од 1,8 тони.

Ваквата дозвола возачите можеа да ја добијат по двегодишно пробно возење со Б дозвола, а дури откако ќе наполнат 21 година. Според ова, големите теренци како BMW XM, Audi Q7 и слични ќе останат резервирани за постари, поискусни возачи, а професионалните возачи како што се возачите на брза помош би биле изземени од регулативата.

Да спомнеме и дека Дели предлага систем на казнување заснован на поени, кој би бил унифициран на територијата на цела ЕУ.

Тагови
реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаб дожд

Read more

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Read more

Авто новости

Tesla работи на помал, поевтин електричен SUV

Read more

Голем пресврт во Германија: Електричните автомобили ги надминаа бензинците

Read more

Дали ќе поевтинат автомобилите?

Read more

Дали Mazda ја заборави Европа?

Read more
 

Автомобили

Tesla работи на помал, поевтин електричен SUV

Читај повеќе

Голем пресврт во Германија: Електричните автомобили ги надминаа бензинците

Читај повеќе

Дали ќе поевтинат автомобилите?

Читај повеќе

Дали Mazda ја заборави Европа?

Читај повеќе

Рекордни залихи на непродадени автомобили Tesla

Читај повеќе

Зошто малите автомобили имаат брзинометар до 220 км/час кога едвај одат до 160?

Читај повеќе
  • filter

Враќање на легендата: Русите ја „воскреснаа“ Volga

Читај повеќе
  • play_arrow

Возачите се жалат, стануваат заложници на сервисирање: Зошто автомобилите намерно стануваат прескапи за одржување?

Читај повеќе

Илон Маск пресуди: Крај за Tesla Model S и Model X

Читај повеќе