Дали сте го виделе Карл Кокс на тркачка стаза?
Покрај тоа што е популарен диџеј, Карл Кокс е страстен љубител на тркачки автомобили.
Во изминативе неколку години тој сѐ почесто учествува во трки. Преку каналот Carl Cox Motorsport објави снимка на која диџејот го вози неговиот омилен Ford Capri во Калдер Парк.
Автомобилот има Pro Street шасија и голем V8 мотор, а Карл Кокс во Мелбурн ќе се натпреварува на стази со должина од еден и пол километар.