Дали сте подготвени за нова тура бесплатни игри секој ден?

Како и претходните три празнични сезони, Epic Games ќе подарува бесплатни игри околу Божиќ и оваа година.

Оваа информација ни доаѓа од страницата Dealabs, каде корисникот billbil-kun ја сподели оваа информација, одговарајќи на прашање на друг корисник.

Зошто веруваме во она што го вели billbil-kun? Бидејќи е познат по точните информации што ги споделувал во минатото, вклучувајќи ги претстојните игри на PS Plus, промоциите на Xbox Game Pass, бесплатните игри на Epic Games и многу повеќе.

Во 2019 година, Epic Games ја започна практиката на споделување бесплатни игри во декември, при што корисниците на оваа платформа имаа можност да зграбат дури 12 игри. Ова празнично подарување продолжи и во 2020 и 2021 година, така што минатиот декември имавме можност да ги видиме следните игри:

  • Shenmue 3
  • Neon Abyss
  • Remnant From The Ashes
  • The Vanishing of Ethan Carter
  • Loop Hero
  • Second Extinction
  • Mutan Year Zero: Road to Eden
  • Vampyr
  • Pathfinder: Kingmaker
  • Prey
  • Control
  • Mages of Mystralia
  • Moving Out
  • Salt and Sanctuary
  • Rise of the Tomb Raider 20 Year Celebration
  • Shadow of the Tomb Raider Definitive Edition
  • Tomb Raider Game of the Year

Иако не можеше да даде попрецизен одговор, billbil-kun рече дека овогодинешната промоција ќе трае од 15 декември 2022 година до 10 јануари 2023 година, повторно опфаќајќи ги католички Божиќ и Нова Година.

Epic Games моментално подарува една до три игри секоја недела, но за време на промоцијата следниот месец, ќе гледаме бесплатна игра секој ден. Додека чекате да започне промоцијата, имате можност бесплатно да ја преземете играта Star Wars Squadrons до четврток, а потоа ве очекуваат Fort Triumph и RPG in a Box.

Тагови
реклама

Сурови до коска: Хороскопски знаци кои исчезнуваат без збор

Read more

Цвеќе кое е одлично против мувла, го чисти и воздухот, го препорачува и НАСА

Read more

Хачанов го советува Циципас: Ако сакаш да го победиш Ноле...

Read more

Камерите ги побија зборовите на Алвес - Шпанците детално го опишаа силувањето

Read more

Гејминг

Игрицата Redfall на Xbox и PC носи лов на вампири во отворен свет

Read more

Гејмери објавија тајни на американски борбени авиони

Read more

Sony најави 13 нови наслови за PlayStation VR2

Read more

Како се менуваше легендарната игра FIFA од 1993 година до денес?

Read more
 

Гик

  • filter

Во Египет пронајдена мумија прекриена со злато

Читај повеќе

Како луѓето ја набљудувале Месечината пред појавата на модерната технологија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Игрицата Redfall на Xbox и PC носи лов на вампири во отворен свет

Читај повеќе

Новите екрани на допир ќе ги направат лаптопите уште потенки

Читај повеќе

Пристигнува Coca-Cola смартфон

Читај повеќе
  • filter

Ханибал е пред порти: 10 факти што треба да ги знаете за Картагина

Читај повеќе

Viber го растовари почетниот екран

Читај повеќе

Вид мравки можат да намирисаат тумор во примерок од урина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 неверојатни животински фосили најдени досега

Читај повеќе