Дали сте подготвени за второ дете?

Ако не сте сигурни дали е време за ново бебе, за почеток нека ви биде јасно дека не постои совршено време за принова, ниту совршена разлика во години меѓу децата.

Меѓутоа, здравствената, финансиската и семејната ситуација играат голема улога во донесувањето на одлуката.

Затоа, „најсигурни знаци“ дека сте подготвени за ново бебе се ако постојано размислувате за тоа како би било да имате уште едно дете и ако често разговарате за тоа со партнерот.

Исто така, важно е да се утврди дали постарото дете сака братче или сестричка и да се направи план за да не се почувствува запоставено во целиот тој процес што ќе следи.

Ако го имате решено ова, време е да почнете да работите на случајот.

Ако со сопругот се сложувате дека е време за ново бебе и вашето дете е подготвено за промената, треба заедно како семејство да се подготвите за да може да ја дочекате приновата во најдобри можни услови.

Бременоста и породувањето на некои жени им се лесни, а за некои се пропратени со многу тегоби. Некои жени по породувањето си „ветуваат“ дека никогаш веќе нема да поминат низ тие маки, но тие чувства биле реални и треба да ги преиспитате.

Ако сте заборавиле на овие проблеми и се чувствувате подготвени за ново патешествие низ бременоста и породувањето, а потоа и мајчинството, тогаш  - време е за бебе.

Ако веќе размислувате активно на оваа тема, најновите истражувања покажуваат дека сè повеќе жени забременуваат во периодот околу новогодишните празници, а причината за тоа е што надвор е студено, а на партнерите им е многу подобро дома.

Истражувањата покажуваат дека квалитетот на спермата е подобар во зима, како и рецептивноста на јајце-клетките, со што се зголемуваат шансите за зачнување.

реклама

Како да направите домашно „ДУБАИ“ чоколадо?

Read more

Седум знаци дека имате недостаток на цинк

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Македонија во Топ 5 - за најлоши патишта

Read more

Живот

Експертка ја откри вистинската локација за новогодишната елка во домот

Read more

Три најопасни жени во Зодијакот

Read more

Како ефикасно да ги отстраните дамките од лак за нокти од тепих?

Read more

Решете го сомнежот: Кога е идеално да се туширате со топла, а кога со ладна вода?

Read more
 

Магазин

Како да направите домашно „ДУБАИ“ чоколадо?

Читај повеќе

Седум знаци дека имате недостаток на цинк

Читај повеќе

Кардиолог препорачува два суплемента за подобро срцево здравје

Читај повеќе

И во зима може да дехидрираме: Кои се симптомите?

Читај повеќе

5 намирници кои може да ги намалат знаците на стареење

Читај повеќе

Кои се најдобрите извори на протеини според диететичарите?

Читај повеќе

Кое време од денот е најдобро за вежбање?

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе

Како спиењето подоцна за викенд влијае на здравјето?

Читај повеќе