Дали сте сапиосексуалец?

Доколку кај другите луѓе ве привлекува нивната интелигенција повеќе отколку физичкиот изглед, доколку ја цените внатрешната убавина многу повеќе од надворешната убавина, вие спаѓате во групата на т.н. сапиосексуалци.

Уживате во длабоките разговори

Еден содржаен разговор ви значи многу повеќе отколку сто безмислени трачеви. Уживате во ваквите разговори кои ве поттикнуваат на размислување и ве инспирираат.

Го цените интелектот повеќе од физичкиот изглед

Интелигенцијата ве возбудува. Секако, првото нешто што ќе го забележите кај некој човек е неговиот изглед. Сепак, тоа за вас е секундарна работа па фокусот го ставате на карактерот. Доколку сметате дека човекот не е интелигентен, без разлика колку и да ви се допаѓа, нема да бидете во љубовна врска со него.

Ја цените емоционалната интелигенција

Позната ви е борбата низ која мора некој да помине за да стекне определено ниво на емоционална интелигенција. Затоа ги почитувате таквите луѓе. Луѓето со најубави карактерни особини и размислувања поминуваат низ најтешки животни лекции. Нивната сила за напредок и користење на тие болни искуства како позитивна лекција го привлекува вашето внимание.

Давате време на себеси за да ги запознаете луѓето

Луѓето со текот на времето ви стануваат попривлечни. Колку подобро запознавате некој човек, толку повеќе ја почитувате неговата интелигенција. Се вљубувате во луѓето на начинот на којшто го перципираат светот.

Не поднесувате неписменост и површност

Не сакате неписмени СМС пораки, ниту помодарство. Доколку некој ви се допаѓа многу, го коригирате.

Не верувате во љубов на прв поглед

За вас љубовта на прв поглед е скоро невозможна, затоа што не можете да „откачите“ по некого само поради неговиот изглед. Мора да бидете импресионирани со нечиј излгед пред да имате чувства за него. Тоа кај вас го успорува процесот на вљубување.

Премногу сте пребирливи кога станува збор за партнерот

Луѓето околу вас сметаат дека сте премногу пребирливи кога станува збор за партнерот. Тие не сфаќаат дека ви е потребно повеќе време за да запознаете некого за да ја заслужи вашата доверба.

Не сте импресионирани од материјалните работи

Вас не ве интересираат парите. Ги сакате работите коишто ги збогатуваат човечкиот ум и душата.

Постојано сте во потрага по нови знаења

Ги обожавате луѓето коишто постојано истражуваат нешто ново бидејќи и самите сте такви. Тежнеете кон сето она што ја зголемува интелигенцијата и го проширува вашиот поглед на свет. Поради тоа не ве интересираат врските за една ноќ.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе