Дали сте си ја виделе?

Женска убавина. Феномен опеан низ песни, поезија, проза, романи, уметнички слики, филмови, документарци. Едноставно, нешто без што денешното општество и уметност не би билe она што се.

Но, дали мислите дека додека Ботичели ја сликал „Раѓањето на Венера“ бил единствено занесен од нејзиниот убав лик и тело? Да бидеме реални, уметниците често биле комплетно занесени и инспирирани од убавината на она што се наоѓа помеѓу нозете кај нас жените, она што ние многу ретко всушност си дозволуваме да го видиме или анализираме... или уште полошо, она што мислиме дека е грдо.

Пред некој ден ми се јави моја пријателка која во овие времиња на пандемија морала конечно сама да си ја прегледа својата „потстанарка“ и беше во шок! Дали навистина така ѝ изгледала секогаш? Како всушност изгледа? Дали е можно камерата од телефонот да ѝ ја дисторзирал?! Јас бев комплетно збунета (и успана) и ја упатив да се јави на гинеколог. Следниот ден всушност разбрав што бил проблемот - мојата другарка всушност првпат во животот си ја видела вагината. На што прснав да се смеам (не е за смеење, ама не можев да се воздржам). Убаво ги поминавме основите и сфативме дека нема потреба да се јавува на гинеколог, но тоа ме натера да се замислам за тоа колку од нас всушност си ја виделе.

Од најразлични причини (најчесто медицински), јас сум прилично добро запознаена со мојата и немам никаков проблем со нејзиниот изглед. Но, имајќи предвид дека кон нас, како кон жени, секогаш прекорно било мавтано со прст за прифаќање на нашата сексуалност, јасно ми е зошто некои жени или девојки никогаш не ни сакале да си ја погледнат. Едноставно, немало зошто. Немало зошто да признеме дека постои овој центар на задоволства. Но има, искрено има. Првата причина што ќе ја наведам е чисто медицинска - мора да знаете како ви изгледа нормална, во случај некогаш да не има некои промени. Иако сите отоци, појави и слично во тој регион се толку непријатни, што попрво мислам дека ќе ги осетиме отколку да ги видиме, сепак, треба да се знае и тоа.

Втората причина е- а зошто да не си ја знаеме како изгледа? Зошто да ја криеме, од самите себе кога дозволуваме други да ја видат од блиску (се надевам дека дозволуваме). Дури тоа и да не е по ваш вкус, таа е сепак дел од вас, и исто како и левиот лакт, десното стапало, и малото прсте со чудниот нокт, треба да си ја сакаме онаква каква што е (а на сите ни е различна). И тоа треба да ја сакаме уште повеќе бидејќи ни е центар на многу убави задоволства и без неа не би можеле да ги почувствуваме сите оргазми во животот.

Кај мажите, односот кон нивните гениталии е многу подиректен (и леле колку некои од нив се гордеат со тоа!) Но, самиот физикус тоа го им дозволува многу повеќе. Нивните гениталии се изложени кон надвор, и сакале или не, тие си го гледаат барем два-три пати во денот (зависи колку вода пијат). Кај нас тој однос е покомплициран. Исто како што ни тврдат дека треба да ја криеме нашата сексуалност, така ни се скриени и нашите гениталии. Но, исто како што всушност не треба да криеме дека сме сексуални битија, убаво е да си ги погледнеме и нашите интимни делови. Којзнае, може конечно ќе ја сфатиме нивната убавина што ја гледаат нашите партнери и за што пеат Cardi B и Meghan Thee Stallion во WAP?!

Така што би ве охрабрила, доколку не сте досега (па и ако сте), да земете едно рачно огледалце и смело да се погледнете со раширени нозе. Внимателно само да не завршите како Шарлот во „Sex and the City“, заинтересирани од тоа што ќе го видите во огледалото. Нема зошто да си се криеме од самите себе.   

*Името на авторката на текстот ѝ е познато на Редакцијата на Kajgana.com

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе