ЛИЧНИ ИСКУСТВА ОД ЧИТАТЕЛКИ

Дали сум феминистка ако уживам во спенкинг?

Некои денови искрено се мислам дали сум феминистка, ако всушност малку уживам во тоа да некој ми отвори врата и ги земе потешките кеси за носење накај дома? Други денови пак, тој сомнеж ми е подлабок. Имено, дали всушност сум еманципирана жена ако сакам да добивам спенкинг?

По самата дефиниција на зборот „феминистка“ би требало да значи жена која се бори за еднаквоста на сите луѓе (со почетен став дека модерното општество го фаворизира мажот пред жената). Но, колку феминистки, толку и дефиниции, па затоа и јас сакав да видам која е мојата дефиниција за терминот, и како таа се вклопува во моите интимни фантазии. Под феминизам, јас лично, подразбирам еманципација на жената (нејзиниот избор да си е нејзин, а не на татко ѝ/постариот брат/сопругот/општеството) и еднаквоста помеѓу луѓето (без разлика на пол, етничка, родова, сексуална, религиска припадност). За еднаквоста на луѓето може да се бориме додека не станеме Мис Универзум, ама тоа во случајов нема врска со спенкингот, така што би сакала да се осврнам на првата точка на мојот феминизам - еманципација на жената.

Сексот и фантазиите околу него често се вртат околу неколку многу слични потреби да бидеме посакувани (групен секс), да имаме поинаква возбуда во секојдневието (секс на јавно место) и секако играта на моќ. Спенкигнот, како некоја гранка на BDSM стилот, спаѓа во последната категорија на фантазии, односно играта на моќ. И иако можам да образложувам до утре за тоа како благиот спенкинг всушност помага во испуштањето на ендорфини (се колнам, го прочитав ова во студија), верувам дека најлесно е да кажам единствено дека некој се пали на спенкинг, а некој не. Она што е често грешно разбрано во тие игри на моќ ( особено од луѓето кои не се воведени во нив) е дека оној кој е субмисивен во тој однос не е во контрола. Всушност, вистината е дека сумбисивниот е во исто толкава контрола на она што се случува колку и доминантниот партнер... некогаш можеби и повеќе. Во оваа динамика на интимните односи особено важна е комуникацијата и јасно поставените граници на што е дозволиво и до каде, а тие граници ги поставува токму субмисивниот партнер. Па така, доколку спенкинг е по ваш мерак, вие сте оние кои кажувате колку сакате, како сакате и што всушност сакате (и стискаме сите палци и вашите партнери да го сакаат истото). Консензуалноста и комуникацијата се основа за остварување на секоја фантазија или фетиш, а со тоа и динамиката во „однсите зад затворени врати“, без разлика на која страна од доминантниот спектар спаѓате.

Феминизмот тука се јавува многу јасно. Преку самото признавање на што е она што нѐ пали, ни се допаѓа или не, како и комуникацијата за тоа со нашиот партнер, е веќе еден вид на женска еманципација. Да се „избориме“ за она што го сакаме во спалната е исто толку важно колку и надвор од неа. Иако ако се бориме да носиме повеќе секси долна облека, верувам дека нема да има приговори од партнерите.

Како тогаш ова се спојува со идејата на феминизамот и потребата за еднаквост надвор од спалната? Многу едноставно: искрено - не се спојува.

Сексуалните фантазии се токму тоа - фантазии. Многу од нас фантазираат за работи кои никогаш нема да сакаат всушност да ги изведат во живо, нити можеби некогаш ќе се потрудат да ги остварат. Оние фантазии кои сепак ќе сакаме и успееме да ги оствариме, не значи дека ни го одредуваат комплетното однесување и животната идеологија. Ако сакаме да бидеме „спенкани“ во одредени ситуации, со поставени граници и договор со партнерот, не значи дека сакаме да сме подложни на домашно насилство или дека поддржуваме насилство во која било форма. Тоа се две работи кои мора да се разграничат комплетно. Еманципацијата на жената се темели и на тоа да таа самата може да си ги признае и практикува своите фантазии и фетиши без понатаможна стигма од партнерите (или не дај Боже, феминистичкото лоби). Па дури и ако фантазијата ни е да сме субмисивни, феминистите во нас треба да ни го дозволат тоа без грам грижа на совест. Едноставно, жените треба да си ја преземат контролата над своето задоволство, дури и ако тоа значи да ја препуштат таа контрола на другиот (барем повремено). Така што да - феминистка сум и уживам во спенкинг.  

*Името на авторката на текстот ѝ е познато на Редакцијата на Kajgana.com

Тагови
реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе