Дали свежото овошје и зеленчук секогаш се поздрави од замрзнатите?

Според резултатите од едно најново истражување, замрзнатите овошје и зеленчук во многу случаи се многу похранливи од свежите, бидејќи свежите производи може да изгубат од витамините кога подолго време стојат во фрижидер.

Авторите на ова истражување на журналот Journal of Food Composition and Analysis следеле колку често луѓето купуваат и јадат овошје и зеленчук и во период од повеќе од две години го мереле хранливиот состав на три врсти производи: свежи, замрзнати и намирници чувани во фрижидер неколку дена.

Испитувањата биле правени на брокула, карфиол, пченка, мешункаст зеленчук, спанаќ, боровинки и јагоди.

Научниците ја споредиле концентрацијата на три клучни хранливи состојки во овошјето и зеленчукот: Витамин Ц, Витамин А и фолна киселина.

Овие три хранливи состојки се растворливи во вода, па е лесно да се проучуваат.

Во тестирањата, замрзнатите овошје и зеленчук ги надминале свежите намирници чувани во фрижидер.

„Резултатите од ова истражување не го поддржуваат општоприфатеното мислење на потрошувачите дека свежата храна има поголема хранлива вредност од замрзнатата“, велат авторите на истражувањето.

Свежите производи обично содржат најмногу хранливи материи веднаш по берењето, но тие хранливи материи почнуваат да исчезнуваат откако овошјето и зеленчукот се обрани, спакувани и пласирани на пазарот.

Додека да стигнат на нашата трпеза тие веќе изгубиле голем дел од хранливите вредности во споредба со намирниците замрзнати веднаш по берењето.

Сепак, најважна е количината на внесени овошје и зеленчук во текот на денот, без разлика дали се свежи или замрзнати, па не заборавајте на вашите порции витамини во трите оброци.

реклама

Што следи по омикрон и кога конечно ќе заврши пандемијата?

Read more

Надал се пласираше во четвртфинале, Ѓоковиќ дозна одлична вест

Read more

Од женски агол: Пет вистини за сексот кои никој не ви ги кажал

Read more

Чаша вода наутро на празен стомак? Да, само под еден услов

Read more

Живот

Која храна најмногу го стимулира растот на косата?

Read more

Сексот и спиењето нѐ прават посреќни од зголемување на платата

Read more

Памела Андерсон се разведува по петти пат

Read more

Прекраснa и непредвидливa: Откријте сѐ за жената Водолија

Read more
 

Магазин

Од женски агол: Пет вистини за сексот кои никој не ви ги кажал

Читај повеќе

Фит и во форма: Дали имате кондиција колку вашите врсници?

Читај повеќе

Трета, четврта, петта... Дали пречестото вакцинирање против ковид е штетно?

Читај повеќе

Чаша вода наутро на празен стомак? Да, само под еден услов

Читај повеќе

Која храна најмногу го стимулира растот на косата?

Читај повеќе

Какви мажи привлекувате според вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Eдноставни правила за совршени јајца на око

Читај повеќе

Хенри Кавил сподели фитнес совети за сите почетници

Читај повеќе

Девојче во Русија преживеа снежна бура гушкајќи куче цела ноќ

Читај повеќе