Дали Трамп и Ким треба да добијат Нобелова награда за мир?

На прашањето дали достигнувањата од историскиот самит во Сингапур би можеле да им донесат Нобелова награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, експертите одговараат дека тоа е можно, но дека е прерано да се шпекулира.

Двајцата лидери денеска потпишаа декларација што е прилично неконкретна, но го потврдува ангажманот на Пјонгјанг за „целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“. Овој развој на настаните според некои експерти треба да биде крунисан со престижната Нобелова награда за мир.

Сепак, експертите се главно претпазливи, од една страна поради тајмингот, а од друга страна поради особеностите својствени за секој од лидерите. Едниот ја сврти наопаку меѓународната дипломатија повлекувајќи се од иранскиот нуклеарен договор, а другиот се товари за бројни кршења на човековите права.

„Прерано е да се зборува за тоа’, оценува Асле Свен, историчар за Нобеловата награда.

„Меѓутоа, ако сѐ се одвива во насока на вистинско разоружување на Корејскиот Полуостров, ќе биде многу тешко да не им се додели таа награда. Тоа би била една многу бизарна ситуација, но веќе се има случено Нобеловата награда да им биде доделена и на многу понасилни личности“, објаснува Свен.

Десет години откако Нобеловата награда за мир му беше доделена на тогашниот претседател на САД Барак Обама, што многумина сметаа дека беше многу избрзано, Комитетот што ја доделува Нобеловата награда сака да избегне повторување на грешките од минатото.

Во 2000 година, наградата отиде во рацете на јужнокорејскиот претседател Ким Дае-јунг за неговите напори да се смири со Северна Кореја, но тие напори не донесоа конкретни резултати.

„Токму затоа сметам дека сигурно ќе почекаат до некои позначајни резултати за да се додели наградата во таа насока“, вели Хенрик Урдал, директор на Институтот за мир во Осло.

Ако на Корејскиот Полуостров навистина дојде до ефикасни промени на терен, експертите сметаат дека членовите на Комитетот за Нобелова награда ќе се најдат во вистинска дилема.

„На многу добитници на Нобеловата награда за мир рацете им биле извалкани со крв. Прашањето е дали направиле доволно за да ја измијат таа крв. Ни Трамп, ни Ким не направиле доволно за да ја добијат оваа награда уште годинава“, смета Урдал.

Геир Лундестад, кој беше секретар на Комитетот за Нобелова награда од 1990 до 2014 година, често велеше дека „Нобеловата награда не е награда за светци“.

„Нема потреба да се форсира таа логика до крајности. На овие двајца многу работи им висат над глава: Ким е еден од најлошите диктатори на светот, а Трамп ги разорува политичките и владејачките структури што САД ги воспоставија по 1945 година и ги користат сите“, заклучува Урдал.

Според него, најголема препрека на Трамп за добивање на наградата е повлекувањето од нуклеарниот договор со Иран.

„Во моментот кога го избира патот на мирот на Корејскиот Полуостров, разгорува судир на Блискиот Исток, со што го доведува во опасност целиот регион“, смета Урдал.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе