Дали треба да пиеме витамински додатоци во есен? 

Влегуваме во сезоната на студени денови, па какви „есенски“ витамински додатоци ни се потребни? Помогнете им на вашиот ум и тело да се справат со студениот период од годината, стресот и падот на имунитетот.

Дури и ако редовно вежбате, јадете здрава и разновидна исхрана, суплементите сепак можат да помогнат во зајакнувањето на природните резерви на витамини и минерали во телото и да ни помогнат полесно да се справиме со разни стресни фактори карактеристични за овој период од годината, велат експертите за здравје и фармакологија.

Во овој период започнуваат сезоните на грип, настинки и разни вируси кои може да го осиромашат снабдувањето со витамини и минерали неопходни за нормално функционирање на имунолошкиот систем.

Пократките денови и недостатокот на сончева светлина исто така ги празнат „резервите“ на витамини во нашиот организам, а споменатите проблеми може да влијаат на намаленото ниво на енергија во организмот и појавата на депресија. 
Ова се витамините што треба да се земаат.

Витамини од групата Б

Најпознатиот претставник на оваа група, витаминот Б12 (кобаламин), ни помага да ја ослободиме енергијата од храната и да произведеме црвени крвни зрнца. Ако имате недостаток на овој витамин, може да се чувствувате уморни, летаргични и слаби, што потоа може да влијае на вашето ментално здравје.

Некои луѓе со депресија може да имаат и ниски нивоа на витамин Б12, а третманот за недостаток на витамин Б12 може да помогне во лекувањето на оваа состојба. Најдобри извори на овој витамин се млекото и млечните производи, јајцата, месото, црниот дроб и рибата, а го има и во житарките. Ако сметате дека вашата исхрана не обезбедува доволен внес на овој витамин, суплементацијата може да биде добра идеја.

Витамин Ц

Употребата на витамин Д со витамин Ц и минералот цинк се покажа како многу корисна во случај на инфекција со коронавирус. Кај хоспитализирани пациенти со тешки форми на COVID-19, администрацијата на витамините Ц и Д ја намалува инциденцата на прием во единиците за интензивна нега, времето поминато на вентилатор и вкупната смртност.

Витаминот Ц, освен што го поддржува имунолошкиот систем, е корисен и во многу други сегменти. Помага во создавањето на колаген, комплексен протеин, кој е многу важен за одржување на здравјето на 'рскавицата, сврзното ткиво и им дава сила на непцата и кожата.

Омега-3 масни киселини

Омега-3 масните киселини е речиси невозможно да се добијат во дневни препорачани количини. Омега-3 масните киселини се важни за мозокот и кардиоваскуларниот систем, а за оние кои не успеваат да јадат барем една порција (140 g) масна риба неделно, важно е да се обезбеди дополнување на овие многу важни киселини.

Во аптеките има додатоци кои содржат омега-3 масни киселини, односно EPA и DHA погодни за одредени добри групи, а за веганите има и омега-3 масни киселини изолирани од алги.

Затоа, суплементацијата со овие масни киселини во зимските денови, освен што придонесува за подобрување на работата на срцето, помага и во борбата против сезонската депресија.

Витамин Д

Улогата на витаминот Д во имунитетот се состои првенствено во неговото влијание врз подобрување на квалитетот на цревната микробиота, стабилизирање на имунолошкиот систем (бидејќи 80 проценти од имуните клетки се наоѓаат во дигестивниот систем) и има функција да се врзува за специјални рецептори на белите крвни клетки и ги активира за да создаваат специјални пептиди кои го бранат телото од туѓи патогени.

Препораката за суплементација на витамин Д обично се поврзува со дијагнози на нарушувања на коскениот метаболизам, намален имунитет и во зимски периоди од крајот на септември до март.

реклама

Како Путин реагира додека Лукашенко му држи лекција дека Русите му бегаат

Read more

Откриени платите на возачите во Формула 1 за 2022 година

Read more

Збогум Pro Max, Apple воведува нова класа на телефони

Read more

Ретро е во мода: Citroën го претстави новото лого

Read more

Здравје

Кои се најчестите симптоми на зараза со корона кај вакцинираните?

Read more

Шест совети за здрав живот по педесеттата година

Read more

Треба да ги имате во домот: Билки кои ги ублажуваат стресот и напнатоста

Read more

Дали треба да јадеме три оброци на ден?

Read more
 

Магазин

Акција Македонски книжевни класици на библиотеката „Гоце Делчев“ – Гевгелија

Читај повеќе

Недела на контрацепција: Северна Македонија има ниска стапка на преваленца на современи контрацептивни средства

Читај повеќе

Кризата не застанува: Се заканува недостиг од овие 8 производи

Читај повеќе

Кои се најчестите симптоми на зараза со корона кај вакцинираните?

Читај повеќе
  • filter

10 интересни факти за сексот кај древните Римјани

Читај повеќе

Абе како беше правилно, „кои" или „кој"?

Читај повеќе
  • play_arrow

Идеја за ручек: Полнети пилешки чамци

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најголеми воени авиони во светот

Читај повеќе

Шест совети за здрав живот по педесеттата година

Читај повеќе