Дали треба да правите кардио вежби пред тренинг за сила?

Ако сакате да слабеете, многу е важно точно да го одредите редоследот на тренинзите и секако, не смеете да заборавите на тренингот за сила што е потребен за градење мускули и затегнување на телото.

Често се поставува прашањето дали е подобро прво да направите кардио вежби, па потоа да преминете на справите за јакнење на мускулите и кревање тегови, или обратно.

Студијата објавена во Journal of Strength and Conditioning Research открива дека – нема разлика во крајниот резултат. Иако студијата дава јасен одговор, мислењата на стручњаците сепак варираат.

Според фитнес инструкторот Ентони Јенг, секогаш е подобро да одработите тренинг за сила, па потоа кардио вежби бидејќи е поприродно да ги направите потешките работи додека телото е поснажно и посвежо. Ако вежбате во обратен редослед телото ќе биде уморно и ризикувате премногу да се оптоварите и да имате полоша техника на изведувањето на вежбите за сила.

Дијана Чалукс, сопственичка на вебсајтот за вежбање HitchFit.com истакнува дека пред сѐ треба да земете предвид која е вашата цел.

„Ако целта ви е да го намалите масното ткиво, идееално е прво да го изведете тренингот за сила, а потоа кардио вежбите“, вели таа.

Дијана објаснува дека кога правите вежби за сила вашето тело го користи гликогенот, а потоа со кардио вежбите го забрзувате метаболизмот и ги користите мастите.

Во поглед на идеалното време за вежбање, истражувањето објавено во British Journal of Nutrition покажа дека се согоруваат за 20% повеќе маснотии со трчање наутро, пред појадокот.

реклама

Филипче: Се координираме со соседите за отворање на границите, најверојатно нема да се бараат тестови

Read more

Познато од кои делови на Скопје се денешните новозаразени

Read more

Секси среда

Read more

Во последен момент - Space X и НАСА го одложија историското лансирање на Falcon 9

Read more

Фит

Домашен тренинг: Кардио вежби за ефективно слабеење

Read more

Лесни вежби за истегнување на телото

Read more

Побрзо се слабее ако секогаш вежбате во исто време

Read more

За сериозни: „Spartacus“ вежби за обликување тело

Read more

Магазин

Дали вашата професија спаѓа меѓу најстресните?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како од Хичкок: Џиновски скакулци нападнаа град во Индија

Читај повеќе
  • play_arrow

Домашен тренинг: Кардио вежби за ефективно слабеење

Читај повеќе

Чилеанка на 111 години го победи COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Пингвини во посета на музеј

Читај повеќе

Кипар ќе им ги плати трошоците на туристите ако се заразат со коронавирус

Читај повеќе

Се роди првата коала по страшните пожари во Австралија

Читај повеќе
  • play_arrow

Полнење гориво 6.000 метри на небото

Читај повеќе

Десетте најсреќни земји во светот во 2020

Читај повеќе