Дали треба да вежбате доколку се чувствувате болни?

Се чувствувате заморени, ве боли глава, немате сила и се чувствувате како пред разболување. Но, баш денес сте планирале да вежбате. Дали овие симптоми се причина да го прескокнете вежбањето?

Еве што смета во врска со ова персоналниот тренер Нико Алгиери:

„Постојат различни нивоа. Доколку само ви е затнат носот, би можеле да излезете на лесно трчање. Забрзаното чукање на срцето и забрзаното дишење можат и да го поттикнат одзатнувањето на носот”.

Но, на вежбањето треба да му се пристапи полека и внимателно.

„Доколку имате грип или настинка не треба да трчате. Веројатно нема ни да имате сила за тоа, но треба да се нагласи како одговор на бактериската или вирусната инфекција, организмот има зголемена температура, а истото го прави и трчањето. Затоа, со трчањето може да се влошат симптомите на болеста, па дури и да станат опасни”, вели Алгиери.

Кај трчањето, многу луѓе се водат по „правилото на вратот”. Ова значи дека доколку симптомите се наоѓаат над вратот (како течење на носот), тогаш лесното трчање е во ред. Но, доколку симптомите се наоѓаат под вратот, како болки во желудникот, градите, телото или тешко дишење, попаметно е да се остане дома и да одмарате.

Сепак, Алгиери не би се водел според ова правило.

„Доколку моето тело се чувствува болно, јас не би тренирал, бидејќи телото со ова се обидува да ми даде до знаење дека своите енергетски ресурси треба да ги пренасочи во друга насока. Знаејќи го ова, зошто да му прават дополнителен напор?”, смета овој личен тренер.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фит

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе