Дали треба да вежбате пред или после појадокот?

А.С.
/ 02.08.2022 / 08:55

Оваа дилема отвора дискусии меѓу нутриционистите, фитнес експертите и лекарите со години – дали да вежбате пред или после утринскиот оброк?

 

Најново истражување покажа дека со вежбање пред појадокот се согоруваат повеќе калории.

Во истражувањето на доктор Хавиер Гонзалес, професор на Катедрата за здравје на Универзитетот во Бат, учествувале 30 мажи кои имале вишок килограми.

Оние испитаници кои вежбале пред појадокот согорувале повеќе двојно повеќе калории и масти во споредба со оние кои појадувале, па оделе на вежбање.

Телото прво ги согорува јаглехидратите, па откако ќе ги потроши преминува на согорување на мастите.

Вежбањето пред јадењето на првиот оброк придонесува мускулите да реагираат на инсулинот кој го контролира нивото на шеќер во крвта и на тој начин го намалува ризикот од дијабетес и болести на срцето.

Што да (не) јадете?

Сепак, имајќи предвид дека претходни истражувања покажале дека е подобро прво да појадувате, па да вежбате, имаме совет и за тоа.

Ако се чувствувате подобро ако каснете нешто пред вежбање, тоа нека биде храна богата со протеини, а не јаглехидрати. Ако ви требаат шеќери, тоа нека биде во форма на фруктоза и не заборавајте да внесете доволно течности додека вежбате.

Храна што не е препорачливо да се јаде на празен желудник: храна која содржи квасец, јогурт и други ферментирани млечни производи, круши, домати, свежи краставици и друг зелен зеленчук, како и банани и цитрусно овошје.

Храна што може да ја јадете на празен желудник: овесна каша, хељда, палента, пченични никулци, јајца, лубеница,  боровинки, леб од цели зрна без квасец,  јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми) и мед.

Предлог за утрински тренинг - вежбајте 10 минути со Памела Рајф

Remote video URL
реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе