Дали УЕФА го менува системот на квалификации за Мундијал?

УЕФА размислува за сериозни промени во квалификацискиот систем за Светското првенство во 2026 година, пишува Diario As.

На следното Светско првенство во САД, Мексико и Канада за прв пат во историјата ќе има 48 репрезентации, што значи дека од Европа наместо досегашните 13, ќе одат 16 репрезентации.

Досега квалификациите се играа во неколку формати, а последните за Мундијалот во Катар беше во десет групи со по пет-шест репрезентации. Победниците од групите одеа директно на Мундијал, додека десетте второпласирани и две репрезентации од Лигата на нации играа баражи со кои даваа уште тројца учесници преку три финални мини-турнири.

За очекување беше УЕФА, која деновиве ќе го објави конечниот квалификациски формат, да го остави бројот на групите, па второпласираните или барем шесте најдобри второпласирани да одат директно на Мундијалот. Тоа би го убило интересот за квалификациите бидејќи на најсилните репрезентации многу би им се олеснило одењето на Мундијал, па во Нион размислуваат за нов систем.

Дванаесет наместо десет групи

Според новата идеја, квалификациите би се играле во 12 групи со по четири или пет репрезентации, а директно на Светско првенство би оделе само победниците од групите заедно со четирите најдобри второпласирани репрезентации. Со тоа би се избегнало играње дополнителни баражи, а самите квалификации би траеле значително пократко.

Ова би овозможило повеќе натпревари во Лигата на нации, што е главната идеја на УЕФА. Според досегашниот формат, во финалниот фајнл-фор на Лигата на нации играат само победниците од групите, додека според новата идеја во финалето би имало осум репрезентации или по две од секоја група.

Diario As пишува дека засега нема да има промени во однос на квалификациите за Европските првенства, како и на самиот турнир.

Наводно имало идеја да се прошири ЕУРО од 24 на 32 репрезентации, но тој предлог беше одбиен од федерациите членки на УЕФА. Што се однесува до Русија, репрезентацијата уште има забарана од УЕФА и не се очекува да биде во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп за февруари: За кој знак е поволно време за почнување бизнис?

Read more

Што се случи со Месут Озил?

Read more

Кои се најчестите повреди за време на секс?

Read more

Археолози ја открија првата кафеана во светот – стара е 5.000 години

Read more

Фудбал

Што се случи со Месут Озил?

Read more

Дали пропадна сонот на Ибра да ја освои ЛШ?

Read more

L'Equipe: Мбапе го пропушта натпреварот на сезоната

Read more

Јуве може да остане без уште 20 бода и да испадне од лигата

Read more
 

Спорт

Што се случи со Месут Озил?

Читај повеќе

Дали пропадна сонот на Ибра да ја освои ЛШ?

Читај повеќе

Валкана НБА тепачка

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов трипл-дабл за Јокиќ, солидна ноќ за Дончиќ кој се повреди

Читај повеќе

Кирјос призна дека ја нападнал поранешната девојка

Читај повеќе

L'Equipe: Мбапе го пропушта натпреварот на сезоната

Читај повеќе

Јуве може да остане без уште 20 бода и да испадне од лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

По 34 години, се враќаат местата за стоење на Вембли

Читај повеќе
  • play_arrow

ФИФА сѐ повеќе го американизира фудбалот

Читај повеќе