Дали вакцините можат да влијаат на менструалниот циклус?

Кога станува збор за менструалниот циклус, експертите велат дека нема доволно докази коишто би потврдиле дека вакцинирањето може да предизвика промени во циклусот, но тоа би можело да се поврзе со стресот и реакцијата на пандемијата.

Вакцината против COVID-19 делува различно на половите, па така жените почесто доживуваат непријатни симптоми. Докторите не знаат што точно може да се случи бидејќи врската меѓу COVID-19 и менструалниот циклус е многу малку анализирана. Слабото крвавење или прераната менструација не се тема за истражување, ниту наведеното се смета за нуспојава бидејќи многумина нема да го поврзат циклусот со вакцинацијата.

„Недостигот на информации за оваа поврзаност е голем проблем. Не сум загрижена за последиците поврзани со плодноста или со повторен спонтан абортус бидејќи сето тоа е добро проучено, но нерегуларното крвавење е важна тема“, објаснува гинекологот Џен Гунтер.

Постојат неколку теории  кои можат да објаснат што се случува. За почеток, д-р Кели Кулвел, гинеколог од Сан Диего наведува дека стресот е многу важен фактор.

„Вакцината мора да го стави телото во стрес за да произведе антитела, а менструалниот циклус многу зависи од стресот. Тоа може да се случи и со други вакцини, но разликата е во тоа што досега не сме имале масовна вакцинација за која се расправало и на социјалните мрежи“, објаснува Кулвел за Business Insider.

Се смета дека промените како поран циклус или изостанок на истиот е поврзан со одговорот на  имунолошкиот систем и влијанието на вакцината на ендометриумот. Можно е улога да имаат и факторите како стрес поради пандемијата и социјалната дистанца.

„Набљудувајќи ги пациентите коишто ми доаѓаат постојано откако трае пандемијата, можам да заклучам дека стресот што го доживуваме оваа година е неверојатен. Тој секако може да влијае на менструалниот циклус бидејќи делува на мозокот којшто го контролира производството на хормони кои го прават циклусот редовен. Дури и ако жените користат контрацепција може да имаат проблеми поради стресот“, објаснува гинекологот Мери Росер.

Тука влијаат и промените како лош сон, недостиг на физичка активност, губење или зголемување на килограми кои исто така влијаат на разни промени во организмот.

Според д-р Росер, не е проблем ако се случат неколку нерегуларни циклуси секоја година, но ако работата не се поправи ни по неколку месеци, важно е да се обратите до лекар.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Read more

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе