Дали вашето бебе премногу плаче?

Новопечените родители честопати не се сигурни дали нивното бебе премногу плаче и дали треба да го остават да се исплаче или да преземат нешто во врска со тоа.

Научниците од универзитетите Кингстон и Ворвик спроведоа истражување со кое дојдоа до податоци што им помогнаа во изработувањето на дијаграм што покажува колку време во просек поминува во плачење едно бебе од раѓањето до 3 месеци.

Експертите го следеле однесувањето на 8.700 бебиња и ги воочиле разликите од една земја до друга кога се во прашање плачењето и времетраењето на плачењето.

Заклучиле дека најмногу плачат бебињата во Велика Британија, Италија, Канада и Холандија, а најмалку бебињата во Данска, Германија и Јапонија. Грчевите биле причина за плачење најмалку три часа, три дена во неделата, најчесто кај бебињата во Канада, Велика Британија и Италија, а најретко во Јапонија и во Данска.

„Траењето на плачењето е подолго во првите шест недели од животот, а потоа значително се намалува“, вели професорот по психологија на универзитетот Кингстон, Мутан Самара.

Според резултатите од истражувањето, нормално е бебињата стари од два дена до една недела да плачат и по 120 минути дневно. Бебињата од 10 до 12 недели старост во просек плачат по 65 минути дневно, освен кога ги мачат грчеви, па нормално е да се очекува да плачат и повеќе од три часа во денот, најмалку три дена во неделата.

Научниците се надеваат дека овој дијаграм ќе им помогне на родителите и на лекарите полесно да воочат дали бебето плаче повеќе од вообичаено.

„Ако бебето не плаче колку што е очекувано за таа возраст и тоа треба да биде знак за загриженост и да се направат прегледи и да се побара совет од медицинско лице“, додаваат тие.

Во истражувањето биле анализирани податоци собрани во текот на неколку години во Европа, Северна Америка и во Јапонија.

„Родителите во Данска побрзо реагираат на плачот на бебето во споредба со оние во Велика Британија, тоа го открива едно претходно истражување. Британците помалку остваруваат физички контакт со доенчињата и кога плачат и кога се смирени“, вели Самара и додава дека можна причина е фактот дека татковците во Данска работат помалку во првите месеци по раѓањето на бебето за да може да им помогнат на нивните партнерки.

Во анализата дојдоа до заклучок дека доените бебиња повеќе плачат. Професор Самара вели дека причината за тоа е што адаптираното млеко подолго се вари, а бебињата што цицаат почесто се будат за јадење, а со тоа и повеќе плачат.

Професорот би сакал да го прошири истражувањето на источните земји и Азија за да добие поширока слика за културолошките разлики и социоекономските фактори и нивното влијание врз однесувањето на бебињата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе