Дали вашите пријатели се токсични?

Добрите пријатели се богатство, а токсичните пријатели - треба што побрзо да ги исфрлите од животот.

Многу е тешко кога ќе сфатите дека пријателството со некои луѓе не е баш такво како што сте мислеле. Иако е тешко самите на себе да си признаете дека дружењето со некого ве оптеретува, ова се некои знаци кои укажуваат дека сте заглавени во токсично пријателство кое треба да го прекинете.

Претежно вие сте тие што слушаат

Искреното пријателство подразбирање давање и примање. На пријателот може да му се пожалите за проблеми, но за возврат тука сте да го сослушате пријателот кој се жали на неговите проблеми. Но, сигнал за токсично пријателство е кога вашите разговори се сведуваат на тоа постојано вие да слушате за проблеми.

Многу ретко се гледате

Освен доколку не живеете во различни градови, нема изговори за ова. Доколку пријателството е вистинско, ќе најдете време да се видите и да разговарате, па макар и преку видео повик. Дури и доколку се гледате ретко, тоа што е уште поважно е како се однесувате кога ќе се видите. Знак за тревога е доколку немате баш многу теми за разговор или немате баш многу заеднички интереси.

Се чувствувате лошо откако ќе се видите

По гледање со добар пријател би требало да се чувствувате подобро од претходно и да имате повеќе енергија. Доколку по средбата се чувствувате исцрпено, тоа не е добро. Истото важи и з апријателите кои постојано ви бараат пари - едно е кога пријател ќе ви се обрати за помош, а друго кога ве користи.

Повеќе не им се доверувате

Во склад со тоа колку сте блиски, би требало да имате доволно доверба да им се доверите и да бидете емотивно ранливи пред нив. Доколку некој кој претходно ве поддржувал, сега одеднаш осудува сè што правите и ве исмејува, размислете два пати пред да му се доверите.

Делите само негативни вести

Како и бракот, и пријателството треба да биде во добро и зло. Доколку вашиот пријател само се жали кога сте заедно и разговарате само за негативни работи, кажете им дека тоа ви смета. Кога со токсичен пријател ќе споделите некоја убава вест, тој не се радува за вас. Такви пријатели не ви требаат.

Не ги почитуваат вашите граници

Доколку јасно сте поставиле граници, а тие не ги почитуваат, константно ве бараат или ви праќаат пораки откако сте кажале дека сте во гужва, би требало да им повторите. Кога тоа константно се повторува, би требало да размислите за иднината на таквото пријателство.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе