Дали ве бие глас на лош љубовник?

За жените е има малку работи што се толку разочарувачки колку ситуацијата кога ќе се најдат за првпат во кревет со маж што го сакаат и ќе откријат дека тој не е многу добар љубовник.

Експертката за секс Клер Кавана за списанието Glamour сподели со мажите неколку совети за тоа како да станат подобри во сексот и да не бидат запаметени како лоши љубовници.

Таа истакува неколку работи за кои вели дека се пример за тоа како не треба, односно се причина зошто мажите ги бие лош глас кога станува збор за нивните сексуални вештини.

1. За време на орален секс, го користите само врвот на јазикот

Клер заклучува дека мажите честопати го земаат овој пример од порно филмовите, а познато е дека порно филмовите често не се најдоброто место за да се „соберат“ идеи и да се научи техника.

„Одличниот орален секс вклучува повеќе од само врвот на јазикот. За почеток, обидете се да лижете со целата должина на јазикот и секогаш можете да ја прашате вашата партнерка која техника ѝ одговара најдобро“, пишува таа.

2. Премногу брзо движење со колковите, како „машина за бушење“

Мажите обично го прават ова стравувајќи да не ја изгубат ерекцијата или премногу брзо да ејакулираат, но жените често преферираат побавно темпо. Секако, секогаш слушајте ги желбите или барем говорот на телото на партнерката.

3. Претпоставувате дека партнерката секојпат ќе доживее оргазам

Вашата партнерка не може секогаш да достигне оргазам, но тоа не е единствената цел за време на сексот. Ако се чувствува под притисок да сврши за да не ве навреди, тоа само ќе ги отежни работите. Разговарајте со неа и прашајте ја во што ужива. На многу жени им е потребна стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам. Не срамете се да донесете некоја сексуална играчка како вибратор во спалната соба, што може многу да ви помогне.

4. Агресивни сте со клиторисот

Клиторисот е почувствителен кај некои жени отколку кај други, но обично се препорачува да се започне со лесна и нежна стимулација и да се види како ќе реагира партнерката. Повторно, секоја жена е различна и за ова, како и за сѐ друго поврзано со сексот, разговарајте, без разлика дали сте сексуални партнери за една ноќ или сте во романтична врска.

5. Го игнорирате клиторисот

Ова е многу лош потег затоа што ѝ дава до знаење на вашата партнерка дека не се грижите за нејзиното задоволство. Ако не се справувате со ситуацијата, замолете ја да ве насочи наместо само да го прескокнете клиторисот.

6. Не сакате да користите кондом

Нема изговор. Ако избегнете употреба на кондом, очигледно е дека не се грижите за сопственото или сексуалното здравје на вашата партнерка.

реклама

Прв воздушен напад на САД по наредба на Џо Бајден, 17 загинати

Read more

Peugeot го смени „лавчето“ – дали ви се допаѓа?

Read more

Приведени осум лица по протестот за „Монструм“

Read more

Некогаш беше најдебелото дете во светот, сега никој не може да го препознае

Read more

Љубов и секс

Кои здравствени проблеми ги имаат мажите поради нередовен секс?

Read more

Што посакувам да ме научеа по Сексуално oбразование во средно?

Read more

Зошто не можат да најдат љубов? Лавот е егоист, Бикот предвидлив

Read more

Петте најлоши пози во сексот

Read more
 

Магазин

Намирници кои ќе ви дадат повеќе енергија од кафето

Читај повеќе
  • play_arrow

Сега ќе ви покажам како се става маскара на правилен начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако имате бескрајно многу пари засекогаш?

Читај повеќе

Четири причини зошто страдате од надуеност навечер

Читај повеќе

Кои здравствени проблеми ги имаат мажите поради нередовен секс?

Читај повеќе

Што посакувам да ме научеа по Сексуално oбразование во средно?

Читај повеќе

Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

Читај повеќе

Неидентификуван летачки објект над Ново Мексико

Читај повеќе
  • play_arrow

Руски дипломати на необичен начин си заминаа од Северна Кореја

Читај повеќе