Дали веганите можат да бидат врвни спортисти?

Веганството и спортот обично не одат рака под рака, но во последните неколку години голем број спортисти се свртеа кон веганска исхрана за да ја подобрат физичката форма и за полесно да закрепнат по тешките тренинзи и натпревари.

Еден од најпознатите примери на вегани-спортисти е десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин, кој се сврте кон веганска исхрана по повредата на зглобот на ногата. И покрај многуте скептици, Белерин вели дека веганската исхрана му помогнала полесно да закрепне од повредата и сега не би ја менувал за ништо.

Со подемот на веганството во светот, не само во спортот, зачудувачки е како сѐ уште постојат огромен број спортисти кои и понатаму одбиваат да ја прифатат веганската исхрана како таен адут кој би им ја дал неопходната предност пред останатите конкуренти.

Еден клуб кој ги разбра предностите на веганството е Форест Грин Роверс, кој одлучи дека целиот состав ќе ја почитува исхрана подготвена од клупскиот готвач, во која не се вклучени производи од животинско потекло. На изненадување на многумина, Форест Грин Роверс обезбедија пласман во англиската Лига 2, нешто што им успеа за првпат во нивната 128-годишна историја. Клубот смета дека токму веганската исхрана им помогнала на играчите да останат здрави во текот на целата сезона и од нив ги извадила најдобрите перформанси.

Спортистите кои се свртеа кон веганство не се заинтересирани само за моменталниот резултат и поголемиот елан кој го чувствуваат кога ќе ја сменат исхраната, туку тие се загрижени и за нивното здравје во иднина. Со сѐ поголемиот број на смртни случаи како резултат на срцеви заболувања кај спортистите, новата генерација на професионалци размислува напредно и сака да ја избегне несреќната судбина на нивните претходници. Научно е докажано дека веганската исхрана помага при намалување на ризикот од хронични болести, а и го совладува Тип 2 дијабетесот.

„Не треба да се збуните и да помислите дека секоја храна е здрава само доколку ги исполнува веганските услови. Она што е клучно е да се храните со свежи производи, а не конзервирани овошја и зеленчуци“, вели Рич Рол, автор на бестселерот „Finding Ultra“ и ултра-спортист.

Која е иднината на спортот со веганството и од каде треба да почнете доколку сакате да ја смените вашата исхрана?

Голем број спортисти во последните неколку години се свртеа кон веганската исхрана, а нивните резултати останаа исти или се подобрија. Во секој случај, веганската исхрана не предизвикува штета кај никого, туку единствено нешто што може да понуди е побрза рехабилитација и помалку здравствени проблеми.

Доколку сакате да започнете со веганска исхрана, но не сте сигурни дали ќе можете да издржите да се храните така, тогаш едноставно почнете да ги заменувате главните оброци во денот со овошје и зеленчук. За почеток, би било доволно само да го навикнете телото дека не му се потребни месо, јајца и млеко.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе