Дали вештачката интелигенција ќе ни даде бесмртност?

Експертите истражуваат начини на кои вештачката интелигенција може да ни подари некаква дигитална бесмртност, зачувувајќи ги личностите на починатите во виртуелниот свет и дозволувајќи им да се развиваат.

Замислете дека Абрахам Линколн сè уште може да се обрати на Конгресот денес или дека сè уште можете да ги слушате во живо советите на баба или нејзините приказни од старите времиња.

Бројни стартапи предвидуваат зголемена побарувачка за дигитални индивидуи кои веќе ги има на пазарот, како што е Replika, апликација која учи да реплицира личност во форма на чат-бот, или HereAfter AI која ги бележи животните приказни на луѓето и ги користи за создавање аудиореплики. Chatbot е компјутерска програма (бот) која автоматизира одредени задачи, обично низ разговор со корисникот.

ВИ е клучен фактор

Компанијата Microsoft Corp. неодамна патентираше метод на користење чет-ботови за зачувување на историски личности и живи луѓе, но портпаролката на Microsoft изјави дека засега не планираат да ја користат.

Дигиталните персони може да имаат различни форми, од чет-ботови и аниматронски роботи до подвижни проекции кои гестикулираат и зборуваат како вистински луѓе. Вештачката интелигенција (AI/ВИ) обично е клучен фактор во нивното градење и овозможување на нивна интеракција со луѓето, објави Wall Street Journal.

Според патентот на Microsoft, се користат податоци од социјалните медиуми, гласовни снимки и записи „за да му се овозможи на чат-ботот да зборува и да комуницира во рамките на особеноста на една личност“. Таа личност, се наведува во патентот, „може да одговара на минат или сегашен ентитет (или неговата верзија), како на пример некој наш пријател, роднина, познаник, славна личност, измислен лик, историска личност“. Чет-ботот може да го имитира гласот на личноста и да комуницира користејќи дводимензионални или тродимензионални слики „за да создаде пореален разговор“.

Дигитална бесмртност

Како што се развиваат дигиталните личности, тие можат да почнат да учат и да еволуираат надвор од времето на смртта на „оригиналот“, прилагодувајќи се на новите настани. Ова ќе им даде еден вид дигитална бесмртност - што не само што ќе ја зачува личноста на една индивидуа, туку ќе им овозможи да продолжат да живеат и да се развиваат во виртуелна форма.

Технологијата, со помош на филмови и фотографии, ни овозможи долго време да ги зачуваме спомените за луѓето дури и по нивната смрт. Но, со новите алатки, доаѓаме до интерактивни решенија, вклучувајќи меморирани мрежни профили, гласовни ботови, па дури и хуманоидни роботи. Таквите „бесмртни“ луѓе би можеле да продолжат да комуницираат со своите семејства, пријатели и потомци долго по смртта. Исто така би можело да се користат како „екипаж“ во вселенските бродови за да издржат долги патувања.

Сè има и лоша страна

Како и кај многуте научно-фантастични визии за иднината, има и лоши страни на концептот на виртуелен и бесмртен идентитет.

Виртуелните личности се во основа несовршени затоа што обично се засноваат на фрагменти од личноста; како што се нашиот говор, пишувања, објави на социјалните медиуми и други фактори кои не мора да ја пренесуваат суштината на самата личност. Дополнително, дигиталната личност конструирана преку ВИ нема свест.

Општеството еден ден можеби ќе мора да се бори со проблеми како - кој е сопственик на аватарот на мртвата личност и приходот што таа би можела да го оствари. Ќе се постави и прашањето дали виртуелните лица треба да имаат некои свои права? И, дали нивното постоење значи дека луѓето не можат целосно да жалат за загубата на блиските?

Дигиталните лица исто така може да се креираат без знаење или дозвола на оригиналната личност, под услов да има доволно податоци во јавниот домен за да се создаде ВИ модел што го имитира. Историски личности би можеле да воскреснат, сакале или не.

Добрите реплики на познати личности или политичари може да имаат влијание врз идните општествени настани, но веројатно ќе треба долго време за да излезат на сцената навистина уверливи дигитални личности.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Наука

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Read more

Ретко суштество за кое малку се знае снимено на дното на морето

Read more

Свински бубрег првпат трансплантиран на човек, лекарите воодушевени

Read more

Првиот пациент со вграден Neuralink онлајн играше шах користејќи само мисли

Read more
 

Гик

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Читај повеќе