Дали внесувате доволно протеини?

Протеините се многу важни за нашиот организам. Имено, тие претставуваат главен градежен материјал во нашиот организам, а вклучени се во речиси сите биохемиски процеси на клетките. Учествуваат во создавање на хемоглобин кој го пренесува кислородот во телото, во изградба и обнова на мускулно ткиво, растење на косата, ноктите и кожата, односно во преносот на хранливи материи.

Токму поради овие фактори, внесувањето на адекватна количина на протеини е повеќе од неопходно. На просечен човек му се потребни 1 – 1,5 грама протеини по килограм од телесната тежина дневно.

Ако се прашувате дали земате доволно протеини, обратете внимание и на следново. Ова се знаци дека не јадете доволно протеини:

1. Постојано ви се јаде нешто благо

Еден од првите знаци дека недоволно внесувате протеини е постојаната желба за благо, како и тоа дека никогаш во потполност не се чувствувате сити. Постојаната желба за благо е очигледен знак за недостаток на протеини, бидејќи една од главните функции на протеините е одржување на постојано ниво на глукоза во крвта, па со недостаток на протеини имате и пад на глуказа и желба за храна која бргу ќе ви даде енергија, како што се слатките.

2. Се чувствувате уморно

Рамнотежата на шеќерот во крвта е важна за концентрацијата, па со недостаток на протеини имате чувство дека не можете нормално да функционирате. Секако, на вашиот мозок му се потребни протеини за добро да се чувствува. Ако постојано барате решение во јаглен хидрати како што се пецива, ќе добиете моментален прилив на енергија и потоа повторно пад на енергијата со чувство дека не можете да се фокусирате на работите.

3. Се чувствувате слабо

Протеините се клучни за градбата на мускулите, па со недоволно внесување на протеини мускулите со текот на времето слабеат.

4. Често сте болни

Без доволно протеини нема ниту добар имунитет. Затоа, ако забележувате дека често сте настинати, а инаку немате проблеми со здравјето, можеби станува збор токму за недостаток на протеини во вашето тело.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Здравје

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more
 

Магазин

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе