Дали во 2040 година нè очекува глобална катастрофа?

Ако нема сериозно поместување во глобалните приоритети, човечката цивилизација ќе се движи кон колапс во следните две децении, според новата проценка на извештај од 70-тите.

Во гореспоменатиот извештај објавен во 1972 година, група научници од МИТ предвидоа дека ќе дојде до колапс на индустриската цивилизација ако корпорациите и владите продолжат со постојан економски раст, пишува Vice.

Крај на цивилизацијата или голема пресвртница?

Експертите презентираа 12 можни сценарија за во иднина, а во повеќето од нив имаше ограничување по кое има недостиг на ресурси и по што понатамошниот раст ќе биде невозможен. Најозлогласеното сценарио „Бизнис како и вообичаено“ (Business as Usual) предвидуваше дека глобалниот економски раст ќе достигне врв во 2040-тите, а потоа ќе доживее нагло опаѓање. Потоа, според BAU, ќе има пад на популацијата, недостиг на храна и природни ресурси.

Овој неизбежен „колапс“ нема да биде крај на човечкиот вид, туку пресвртна точка што значително ќе ги намали животниот стандард и квалитетот на животот во следните неколку децении.

Засега, има совпаѓања со две сценарија

Економистот Гаја Херингтон се обиде да истражи каква е нашата позиција денес, по скоро половина век од алармантниот извештај, или каква иднина нè чека.

Херингтон го прошири истражувањето што го започна како студент на Универзитетот Харвард во 2019 година и го објави во ноември 2020 година во Journal of Industrial Ecology.

Таа откри дека моменталната состојба на нашата цивилизација се мери преку 10 различни варијабли; како што се големината на населението, стапките на плодност, нивото на загадување, производството на храна и индустриското производство скоро целосно се совпаѓаат со две сценарија од 1972 година - „Бизнис како и вообичаено“ (BAU) и „Сеопфатна технологија“ (Comprehensive Technology - CT), во кои технолошкиот напредок помага во намалување на загадувањето и зголемување на залихите на храна, дури и за време на недостиг на природни ресурси.

Иако сценариото CT предвидува помалку проблеми за глобалното население и квалитетот на животот отколку BAU, недостатокот на природни ресурси сепак треба да доведе до точка каде што економскиот раст нагло ќе падне. Со други зборови, до ненадејниот колапс на индустриското општество.

Сценарио „Стабилизиран свет“: Утопија или реалност?

Добрата вест е дека сè уште не е доцна да се избегнат и двете сценарија и да се поправи насоката на општеството кон најдобрата алтернатива - сценариото „Стабилизиран свет“ (Stabilized World – SW), според Science Alert.

Ова сценарио започнува слично како BAU и CT; каде што има истовремен економски раст и загадување на животната средина, но и пад на количината на природни ресурси. Но, разликата се јавува кога човештвото само одлучи да го ограничи економскиот раст, пред недостатокот на средства да го присили на тоа.

„Сценариото SW претпоставува дека покрај технолошките решенија, се менуваат и глобалните социјални приоритети“, напиша Херингтон.

„Промената на вредностите и политиките, меѓу другото, резултира со помалку деца, можност за контрола на репродукцијата, намалување на индустриското производство и акцент на здравствените и образовните услуги“, додаде таа.

Без општествен колапс

На графиконот за сценарио SW, кратко време по промената на приоритетите доаѓа изедначувањето на растот на индустријата и растот на глобалното население. Храната е сè уште достапна, има опаѓање и исчезнување на загадувањето и намалување на исцрпувањето на природните ресурси. Сето ова води кон целосно избегнување на социјалниот колапс.

Ова сценарио може да звучи како утопија, особено денес кога имаме рекордни нивоа на емисии на штетни гасови, но студијата наведува дека сè уште е можно промена на парадигмата и правецот.

Херингтон за Vice изјави дека брзиот развој на вакцини за време на пандемијата на COVID-19 е показател за високото ниво на генијалност на човечката цивилизација за време на глобалната криза. Сосема е можно, смета Херингтон, да имаме сличен одговор на климатската криза, ако свесно го направиме тој избор.

реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Наука

Научниците открија што го зголемува ризикот од рак на белите дробови, особено кај непушачите

Read more

Откриен нов, неверојатен вид пингвин: Првпат по 100 години

Read more

Роверот Perseverance најде докази за древна топла вода на Марс

Read more

Истражувачи развија ДНК-компјутер кој врши пресметки од 100 бита без електрична енергија

Read more

Гик

Кинезите направија подводни соларни панели: Произведуваат струја и на длабочина од 10 метри

Читај повеќе

Знаци дека вашиот смартфон е хакиран: Што треба веднаш да направите?

Читај повеќе

Нобеловата награда за медицина доделена на пионери во областа на оптогенетиката

Читај повеќе

Instagram експериментира со read-only режимот за Plus претплатниците

Читај повеќе

Земји каде што е најлесно да се живее како дигитален номад

Читај повеќе
  • play_arrow

Google ја создаде најбизарната тастатура: Не барате букви со прстите, сами доаѓаат до вас

Читај повеќе

Дали ова е крајот на Android каков што го знаеме? 

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џеф Безос ќе произведува струја на Месечината?

Читај повеќе

Mozilla го редизајнира Firefox и сака да го направи попривлечен за корисниците на Chrome

Читај повеќе