Дали воопшто ќе се одржи состанокот помеѓу Трамп и Ким?

И САД се подготвени да го откажат учеството во историскиот состанок помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, соопшти потпретседателот на САД Мајк Пенс.

Овој состанок е закажан за следниот месец, во Сингапур, а Северна Кореја веќе го доведе во прашање неговото одржување.

Пенс за американските медиуми изјави дека Северна Кореја не би требало да се обидува да бара концесии од САД за ветувања кои нема намера да ги одржи.

„Ќе биде голема грешка кога Ким Џонг Ун би помислил дека може да го надигра Доналд Трамп“, оцени Пенс.

Агенцијата Ројтерс пренесе дека Трамп денеска ќе се сретне со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, за заедно да заклучат дали Пјонгјанг е сериозен околу договорот за денуклеаризација на корејскиот полуостров.

Како што се пренесува, Мун е повикан во Белата куќа за да помогне да се утврди дали Ким зазема потврд став против денуклеаризацијата.

Ако состанокот се откаже или пропадне, тоа ќе биде голем удар за Трамп, бидејќи според неговите поддржувачи токму средбата со Ким би можела да биде „најголемото достигнување на Трамп во неговиот претседателски мандат“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе