Дали вреди да ја гледате шокантната Netflix серија „Dahmer“?

Сериите за најпознатите сериски убијци стануваат сè поголем хит.

Netflix ја понуди серијата „DAHMER - Monster: The Jeffrey Dahmer Story“ од 10 епизоди за Џефри Дамер, Американец кој силувал, убил и распарчил најмалку 17 мажи и момчиња во Милвоки и Висконсин помеѓу 1978 и 1991 година, а за дел од нив тврдел и дека им изел делови од телото.

Десетте епизоди многу добро прикажуваат каква личност е тој. Критичарите особено ја пофалија шестата епизода во која жртва е глувиот Афроамериканец Тони Хјуз.

Тензија не недостига во ниту една епизода, што не изненадува, со оглед на тоа дека серијата е за злогласен сериски убиец.

Дали да ја гледате? Ви даваме неколку аргументи за пропустите и предностите на серијата.

Минуси

Без разлика што заплетот е богат со интересни и застрашувачки настани, недостига подобра музика која лесно може да ја подигне тензијата на оваа одлична серија.

Премногу внимание е дадено на сосетката Гленда Кливленд, чија улога е претерана во серијата. Вистина е дека таа беше една од многуте луѓе кои се обиделе да ја убедат полицијата да го истражи станот на Дамер и да го уапси.

Меѓутоа, во реалноста, таа не му беше ниту сосетка, ниту блиска колку што се прикажува во серијата, нагласи новинарката Ен Е. Шварц – која тогаш редовно известуваше за случајот.

Гленда живеела во зградата спроти, но и Шварц е свесна дека ја зближиле со Џеф за да ја зголемат тензијата во серијата.

Во ликот на Гленда најверојатно сакале да ги обединат постапките на бројни соседи и луѓе кои уште по првите инциденти се посомневале што се случува во станот и сфатиле дека полицијата требало порано да го стави под лупа овој страшен убиец.

Нејзе ѝ е даден и премногу простор, особено во последните епизоди од серијата каде на моменти изгледа како поголема жртва од семејствата кои се вистински жртви на овие злосторства затоа што ги загубија своите најблиски.

Серијата исто така полека го свртува фокусот од Дамер кон борбата за граѓански права во последните епизоди. Иако е факт дека голем број жртви биле Афроамериканци, а исто така и Јужноамериканци, треба да се земе предвид дека Дамер живеел во населба каде што бил опкружен со Афроамериканци и луѓе кои припаѓале на малцинствата во САД. Овој аргумент всушност може да оди во две насоки – од една страна го свртува фокусот, но од друга страна отвора нова тема за тоа дали Дамер навистина го одбрал овој дел од градот за живеење, бидејќи знаел дека полицијата е пристрасна и помалку посветува внимание на случаи во кои жртвите се припадници на разни малцинства (Афроамериканци, мигранти, Латиноамериканци)

Плусови

Еван Питерс во главната улога едноставно ги воодушеви и гледачите, и критичарите. Покрај тоа што брилијантно се вклопи во оваа улога по изглед, тој очигледно многу добро го проучувал однесувањето и говорот на Дамер од неговите бројни интервјуа и снимки.

Креаторите на серијата одлично ја прикажуваат состојбата на полициските сили, кои речиси целосно ги игнорираат повиците за помош од кој било, освен од белци во тој период. Занемарувањето на обвиненијата против Дамер од страна на Афроамериканците, исто така, укажува на одговорноста на полицијата во овие злосторства.

Низ 10 епизоди гледаме различни интересни детали од неговото детство и од целиот негов живот - кои на свој начин ги покажуваат потенцијалните причини зошто пораснал во еден од најпознатите сериски убијци. Односот со родителите и нивното (не)прифаќање на своите улоги во формирањето на личноста на Дамер е исто така интересен аспект кој е вреден за набљудување.

Заклучок

Серијата според нас дефинитивно вреди да се гледа. Дури и да не беше снимана според вистинска приказна, ќе беше доволно интересна и напната, а повеќе внимание предизвикува болниот факт дека злосторствата се вистинити и потврдени од Дамер.

Веќе ги наведовме негативните аспекти во текстот, но во овие епизоди не недостигаат вистинска драма и шокантни сознанија за овој страшен убиец.

Секако, веќе се снимени неколку филмови за овој сериски убиец, но ниту еден од нив не е толку квалитетен и сеопфатен како оваа серија од 10 епизоди.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе